Вардар оди на каква било победа против Висла за четвртфинале во ЛШ

vardar

Ракометарите на Вардар вечер од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат Висла Плоцк во обид да остварат барем минимална победа што ќе им биде доволна повторно да се најдат меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ на првиот дуел во Полска одиграа 30:30, иако пред крајот имаа четири голови предност. Во пресрет на реваншот од таборот на вардарци најавуваат пожртвувана игра и остварување на целта, пласман во следната фаза од елитното натпреварување.

Покрај овој дуел, денеска уште играат:

Киелце – Мешков Брест (32:28 прв натпревар) и

Веспрем – Мотор Запорожје (29:24).

Пласман меѓу осумте најдобри веќе обезбедија Кил, ПСЖ и Барселона, а последните два патника ќе бидат познат утре по натпреварите:

Флензбург – Монпеље (28:27прва средба) и

Рајн-Некар – Загреб.

ФОТО: Најубавата македонска кошаркарка го покажа телото и веднаш зема награда

Една од најубавите спортистки во Македонија, а сигурно најубава кошаркарка, Едина Муса се реши да го промени спортот.

Викенов Муса учествуваше на бодибилдинг натпреварување каде што веднаш се закити со награда и најави нова успешна кариера.

 

A post shared by edina musa (@edina_musa) on

 

A post shared by edina musa (@edina_musa) on

 

A post shared by edina musa (@edina_musa) on

(ВИДЕО) Сопругата на Тоти ја шокираше јавноста: Уште се тресам по бакнежот

Легендарниот Франческо Тоти можеше да остане без сопругата.

Манекенката Белен Родригез, која работи и како водителка во Италија, зад себе има слвен порно филм со некогашниот дечко Тобијас Бланко, а подоцна беше во врска и со Марк Бориело, италијанскиот напаѓач.

Сега е во центарот на вниманието поради Илари Бласи, сопругата на Тоти која во реалното шоу „Големиот Брат“ ја бакна Белен.

„Уште се тресам. Сакав да трае подолго“, истакна сопругата на Тоти на која бакнежот се чини и се допадна.

Белен во моментов е во врска со италијански мотоциклист, додека Тоти со Бласи има син и две ќерки.

(ВИДЕО) Комедија во Босна: Целиот тим седна на терен незадоволен од судењето, а противниците даваа голови!

Во првата фудбалска лига во БиХ беше видена неверојатна ситуација на натпреварот помеѓу Звјезда и Босна.

Звјезда на крајот славеше со 3:0, а последните два гола ги постигна откако противниците седнаа на теренот. Имено, играчите така протестираа поради одлуката на судијата да покаже црвен картон на еден фудбалер од нивниот тим.

Протовничкиот тим ја искористи ситуацијата и ја наполни празната мрежа. Погледнете!

Популарно