Дека албанскиот јазик веќе стана официјален во СДСМ покажува и примерот од Куманово, каде опозициската партија го стави македонскиот јазик во втор план на летоците за најава на митингот во Куманово. Имено, според она што може да се види на овие фотографии, СДСМ митингот најпрво го најавува на албански јазик, а потоа на македонски.
Најавите на лидерот Зоран Заев за двојазичност и рекомпонирање на државата, кои воедно се вметнати во таканаречениот "План за живот" на СДСМ, опозициската партија веќе почна да ги спроведува и на дело. Албанскиот јазик веќе стана официјален кај социјалдемократите.
Во штабот на СДСМ во селото Црнилиште во Општина Долнени, албанскиот јазик веќе е официјален. Членот на Централниот одбор и Извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири обраќајќи им се на албански јазик на присутните порача дека како Албанци сега му се придружуваат на Зоран Заев, затоа што пружил рака и ја отворил партијата.
Целиот текст на Вечер.мк