Веста која го воодушеви светот: Еве што направија Роналдо и Ѓоковиќ за децата од Сирија

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо речиси секој пат го воодушевуваат светот со своите дела и изјави. Овој пат двајцата најпознатите спортисти во светот им дадоа поддршка на децата во Сирија и на сите луѓе кои се жртви на војната.

Ноле и Роналдо со овој гест сакаа да ја подигнат свеста кај луѓето со своите имиња, кариера и заслуги и на светот да им испратат порака за тоа што се случува во Сирија и Палестина, ширејќи пораки за мир и надеж дека некогаш ќе запрат нивните страдања.

Новак и Роналдо уплатиле 5 милиони долари како помош за настраданите деца, а според нивните зборови нема да запрат тука.

Селекторот Ангеловски му подари дрес на легендата Златко Калински

Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски пред стартот на прес-конференцијата му подари дрес на легендата на македонското новинарство, Златко Калински, кој се пензионираше и се повлече од ТВ-екраните.

„Чест ми е што ќе му доделам дрес на Златко Калински, доајенот на македонското спортско новинарство“ рече Ангеловски, на кого се дополни и самиот Калински.

„Благодарам за честа. Жал ми е што во работниот век од 42 години немав можност за еден спортски крик Македонија да ја следам на еден голем настан, настап на Европско или Светско првенство. Се понадевав дека ќе ја победиме Италија, но ете посакувам да се радувам во иднина заедно со сите Македонци. Верувам дека во иднина може да следат многу поголеми успеси за македонските селекции, согласно и сето она како најава што го направија младите репрезентативци“ рече Калински.

(ВИДЕО) ГО СНИМАШЕ РОНАЛДО ДОДЕКА ШУТИРА ПЕНАЛ: По само неколку секунди оваа обожавателка зажали за својата одлука

Една обожавателка на фудбалскиот клуб Реал од Мадрид мислеше дека со својот мобилен телефон ќе ја „улови“ ситуацијата кога Кристијано Роналдо ќе ја затресе противничката мрежа со погодок од пенал, но наместо тоа, доби топка директно в глава. 

Неизвесноста растеше во публиката додека португалскиот голгетер се приближуваше кон белата точка, меѓутоа, за негова несреќа и на разочарување на сите навивачи на Реал Мадрид, Роналдо шутираше над пречката и го промаши голот.  

Секој гледач на стадион има желба да фати топка која ќе излета надвор од теренот, особено кога ќе ја шутне играч од калибарот на Роналдо, но дефинитивно никој не би сакал топката да му заврши в лице.  

Во продолжение, погледнете како се одвиваше целата ситуација...

(ВИДЕО) НЕРЕДИ ВО ИСТАНБУЛ: Турци и Грци добитна комбинација за тепачки

Жестока битка се одвива низ улиците на Истанбул во пресрет на полуфиналето во Евролигата, каде се судрија турските навивачи со фановите на грчкиот клуб Олимпијакос.

Фајнл-фор турнирот во Истанбул имаше хулиганска предигра. На улиците на Истанбул се степаа навивачи на турскиот Фенербахче и грчките симпатизери на Олимпијакос. Нетрпеливоста меѓу навивачите од овие две земји е веќе присутна со години, па каде и да се најдат заедно, речиси секогаш има големи нереди. 

Според пишувањата, се работи за организиран напад на турските навивачи врз симпатизерите од Грција. Запалени факели и метални прачки биле користени, а засега не се знае дали има повредени. Полицијата дефинитивно ќе има многу работа овие денови во Истанбул. 

Олимпијакос игра против ЦСКА во 17:30 часот, а Фенербахче од 20:30 часот ќе игра против Реал Мадрид. 

 
 

Популарно