ВИДЕО: Автомобилски „дрифтови“ пред Веро 2 - граѓаните исплашени, полицијата не реагира

Ова се сллучува премногу долго време, но полицијата засега не го решава проблемот, иако граѓанте постојно се жалат. На првото видео можете да видите како случајни минувачи исплашено потрчнуваат од автомобилот, а соседите велат дека истото е снимено додека Веро2 сеуште работи.

Според она што го објавуваат корисниците на социјалните мрежи, ваквите собири се случуваат подолго време односно неколку години. Тие велат дека постојано реагираат за нарушувањето на јавниот ред и мир и предизвикувањето опасност за пешачите и останатите возачи, но досега ниту една служба не реагирала.

Жителите на населбата исто така нагласуваат дека постојано пријавуваат во полиција, но иако полицијата доаѓа, тие не преземаат ништо за да ги спречат..

Беќаровски си заминува од Токсикологија

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.

„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.

Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.

Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.

Денес гласаат болните, затворениците и лицата во старските домови

Во земјава денеска е молк, пред утрешните седми претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места. Годинава поради тоа што се одржуваат двојни избори, за време на молкот за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај.

Вообичаено денеска, на ден пред изборите, гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и нашите државјани во странство.

Гласањето за претседател почна со 191 член на избирачките одбори во саботата кои отпатуваа да го спрповедат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Резултатите од денешното гласање ќе се знае утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Пресврт на евровизиските кладилници пре почетокот на натпреварот

Се поблиску е почетокот на Евросонг кој оваа година се одржува во Малме, а како што се приближуваме до 7 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер, така се менува и состојбата во обложувалниците.

Овојпат нашиот сосед Србија со претставничката Тејадора и песната „Рамонда'' паднаа уште подолу по скалилата и сега го зазема солидното 23 место. Официјалните обложувалници до неодамна предвидуваа 20-то место, за победа во големото финале кое се игра на 11 мај, но има промени.

Хрватска, која годинава ја претставува Бејби Лазања, долго време беше на првото место, а сега ја престигна Швајцарија, чиј претставник годинава е Немо, со песната „The Code“. Во првите пет фаворити се наоѓаат и Холандија, Италија и Украина.

Овогодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска од 8-ми до 11-ти Мај.

Популарно