(ВИДЕО) Бред или Анџелина? Холивуд вчера покажа на чија страна е!

Силен аплауз и овации од сите присутни во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија. Вака Бред Пит беше пречекан од своите колеги кога синоќа, на 74. доделување на наградите „Златни глобуси“, се качи на сцената да го претстави филмот „Мунлајт“, кој подоцна победи во категоријата за најдобар филм-драма.

Педесет и тригодишниот актер гордо чекореше до сцената, а аплаузот и поддршката го бодреа на секој чекор. Особено задоволен што неговиот колега e добро и покрај кризата во приватниот живот, изгледаше Мет Дејмон.

Неодамна, Пит имаше горчливо божиќно искуство, бидејќи доби само четири часа со неговите деца за празникот. Наводно, најстариот посвоен син Медокс одбил да присуствува на таа средба.

ФОТО: Ветерот го откри голиот задник на 51-годишната актерка

На црвениот тепих на премиерата на филмот „Wonder Woman“ , Кони Ниелсен го покажа задникот благодарение на ветерот.

Додека таа потпишуваше автограми , нејзиниот задник излезе на мегдан. Поради тоа Кони денеска е главен хит во медиумите.

(ВИДЕО) ТАА ОД СКРОМНА-ПОСКРОМНА: По веста за свршувачката Омер и Гупсе уловени на вечера!

Турските медиуми лудуваат следејќи ја популарната актерска двојка, Бариш Ардуч и Гупсе Озај, се со цел да добијат потврда дали тие навистина се свршиле и планираат свадба.

Пред само неколку дена новинарите ги „уловија“ додека излегуваат од ресторан, па ги бомбардираа со прашања секако околу бракот- дали е вистина или не.

Двајцата не беа многу расположени за изјава пред камери, па брзо се качија во автомобилот. Сепак, кажаа дека секако ќе имаат брак во својот живот.

За оваа прилика саканата на Омер се појави во скромно и природно издание без шминка, но со многу шарм и насмевка со која го освојува најпосакуваниот ерген во Турција.

Почина славниот актер што го глумеше Џејмс Бонд

Почина Сер Роџер Мур. Актерот почина по кратко боледување од рак. Тој имаше 89 години.

Смртта ја потврди неговото семејство кое изрази жалење за смртта на големиот актер.

Мур ќе биде запамтен како можеби еден од најдобрите актери кои го играа тајниот агент Џејмс Бонд. Мур беше дел од седум филмови за тајниот шпион Џејмс Бонд.

Популарно