По лавината реакции од бугарска страна на потегот на Миленко Неделковски, кој ја скрши нелегално поставената спомен плоча на македонска територија, Динко Валев или познат како бугарскиот ловец на мигрантисе закани дека ќе влезе во Македонија за да се пресмета со Миленко Неделковски, но...
Контроверзниот Бугарин Динко Валев од Јамбол објави ново видео во кое се расправа со македонската полиција на граничниот премин. Тој тврди дека бил тепан и дека не го пуштале да влезе во Македонија. Името на Динко стана синоним за Бугарија.
Пред неколку дена Динко најави дека тргнува да се расправа со Миленко Неделковски и луто му се закани. Сепак, тој не успеа да ја оствари својата цел.
Погледнете го новото шоу во режија на Динко.