ВИДЕО: Дали смеете да ги снимате полицајците кога ќе ве сопре сообраќајна полиција?

Ова прашање често си го поставуваат оние возачи кои имаат „среќа“ да бидат редовни „клиенти“ на сообраќајците. И додека полицијата се противи, еве што вели законот.

Пред да го погледнете видеото на Магдалена Лембовска од граѓанската организација Аналитика, да ве потсетиме дека најлесен начин да ги избегнете проблемите со сообраќајната полиција е да не правите сообраќајни прекршоци.

Еве каде ќе има втор круг гласање

Од вкупно 80 општини, во 35  ќе се трча втор избор круг на 29 октомври, додека во 45 резултатите се извесни уште од вчерашното гласање. Од Државната изборна комисија до овој момент не ги прогласуваат резултатите за конечни, оти мора да се почека законскиот рок од 48 часа за приговори. 

Но од досега објавените резултати извесно е дека во првиот круг СДСМ освои 37 општини, ВМРО ДПМНЕ 3, ДУИ во општини.

Во Скопје, според последните информации, кандидатот Петре Шилегов , кој веќе објави победа, освои 50, 27 проценти од гласовите, а 36,12 неговиот противкандидат  Коце Трајановски. Но и овде епилогот од трката конечно ќе се потврди откако ќе мине 48часовниот период за приговори. 

Инаку според досега објавените резултати, градоначалници се избрани во  Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково и уште во 29 општини. 

Втор круг засега ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци и уште 20 општини. 

До овој момент е веројатно дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците во пет, ДУИ и БЕСА пак во седум.

Во една општина трката ќе биде меѓу кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ќе се натпреваруваат ДУИ и СДСМ.

Исто така, во една СДСМ и Сојуз на Роми и во уште една, ДПА и БЕСА.

Скопје доби нов градоначалник во прв круг

Вкупно по првиот круг избрани се 45 нови градоначалници, а за 35 општини ќе има втор круг на 29 октомври. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одмерат по вторпат силите во 19 општини. СДСМ по 12 години доби градоначалници во општините: Аеродром, Прилеп, Ѓорче Петров, Велес, Градско. ВМРО-ДПМНЕ победи во Сопиште, Илинден и Петровец, а предност има во 6 општини. Алијансата за Албанците и ДУИ ќе се водат втор круг во 5 општини, а БЕСА и ДУИ во 7. Во најголем број од општините каде што СДСМ доби градоначалници има мнозинство и во советите.

Веќе нема неизвесност околу изборот на градоначалник за Град Скопје, уште во прв круг победи Петре Шилегов со речиси 39.000 гласови повеќе од Коце Трајановски.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебарца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Шилегов слави победа во прв круг - ДИК сеуште не официјализира

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, на СДСМ, Петре Шилегов, објави победа во првиот круг од локалните избори. Засега ДИК има обработено 98.1% од гласачките ливчиња. Според резултатите Шилегов е во убедливо водство и многу блиску до победа во првио круг, но сеуште има недобројани гласачки ливчиња кои можат да ја сменат сликата и да се оди во ново гласања.

Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, раче Шилегов.

Тој им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори. На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.

Шилегов рече дека се уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот

Популарно