Докторите излегоа со извештај- Една жена почина а на детенце му е ампутирана раката

Жена почина, детенце остана без рака, многумина се повредени и пренесени во болница. Ова е епилогот од сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи кај Велес, кога автобус се враќал од Грција. 

Како што информира Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники за Сакамдакажам, донесени биле 14 пациенти, меѓу кои и дете на возраст од девет години, кое за жал ја загубило раката.

- “Детето е препратено на Клиниката за детска хирургија. Двајца пациенти беа примени на одделот за Интензивна нега, за жал еден од нив подлегна на повредите. Тоа е жената која прва беше донесена, со повреди на натколеница, потколеница и подлактица и со повреди на белиоте дробови. Вториот пациент исто така е во критична состојба, со сериозни повреди на градниот кош, нагмечување на ребрата, клучна коска, и крварење во белите дробови“, вели д-р Хасани.

Инаку, на деветгодишното детенце за жал му е ампутирана раката. Двајца пациенти се на неврохирургија.

За потсетување, автобусот излета околу 19 часот.

Туристичката агенција се огласи по несреќата која се случи на автопатот Велес-Скопје

Во автобусот на „Бус травел“ кој вчера се преврте при враќањето од Грција биле туристи на туристичката агенција „Савана“ Туристичката агенција информира дека во автобуската несреќа што се случи на автопатот Велес – Скопје биле повредени и возачот и придружникот на автобусот.

Во несреќата 27 патници кои се враќаа од одмор на Халкидики во Грција се повредени, од кои една жена синоќа почина на Ургентниот центар во Скопје, а на деветгодишно девојче му е ампутирана раката.

„Почитувани наши сограѓани, пријатели и патници. Со неизмерна тага и болка ве известуваме, дека вчера во вечерните часови, автобусот на превозникот „Бус травел“ од Скопје, кој превезуваше дел (25 патници) од нашите туристи кои се враќаа од летувањата во туристичките места на Халкидики, на делницата од автопатот Велес - Скопје имаше тешка и трагична сообраќајна несреќа.

Во оваа страотна сообраќајна незгода, најголем дел од патниците, придружникот и возачот на автобусот, беа тешко повредени и хоспитализирани во болниците во Велес и Скопје, додека една патничка за жал, во болницата сепак им подлегна на здобиените повреди.

Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, соопшти „Савана“.

Сакале да го зачинат љубовниот живот, ама претерале

Сите ќе се согласиме дека кондомите се добро средство за заштита, благодарение на кои сексот е побезбеден, едноставни за употреба и во 98 отсто случаи претставуваат сигурно средство за заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост.

Но, кога се во прашање кондоми со вкус, работите се одвиват на друг начин. Стандардниот вкус, како што се на банана или јагода се прифатливи за орален секс, но работите стануваат малку чудни кога се доаѓа до некои малку „екстремни” вкусови. Така, индискиот производител на кондоми „Менфорс”, кој во понудата веќе има презервативи со вкус на сланина и виски, сега излезе со нов производ, со кој, според многумина, ги надминаа сите очекувања.

Последниот кондом во нивната понуда е оној со вкус на ачари. Станува збор за зачинет кисело-луткаст сос за чие производство меѓу другото се користат и чили пиперики, сенф и голем број ароматични зачини и кој во традиционалните кујни на азиските земји се служи како додаток на различни јадење.

Тоа и не е начин на кој многу замислуваат дека би можеле да го „зачинат” својот љубовен живот, па се појавува прашњето зошто некој овој кондом воопшто би го користел за орален или за пенетративен секс.

Популарно