ВИДЕО: Еве што точно се договориле политичките партии на средбата со Хан

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прв замина од преговорите во Пржино, по речиси десет часа преговори. Тој кажа дека нема договор околу датумот за избори, и доколлку се на 24. април, тие ќе се одржат без СДСМ.

han-przino-1-640x360

Заев најави дека повеќе информации партијата ќе даде во текот на утрешниот ден, но во кратката изјава рече дека преговорите пропаднаа и СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори.

Сања Лукаревска со таткото Ѓокица Лукаревски скенираа сметки

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, објави фотографија како скенира фискални сметки заедно со својот татко додека го пијат утринското кафе.

Нејзиниот татко е Ѓокица Лукаревски, познатиот актер и комичар.

„Скенираме“, стоеше во објавата на Лукаревска на социјалните мрежи каде што таа го промовира проектот „Мој ДДВ“.

Во една просторија и операции и породувања!

Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала.

Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители.

Гинекологот Љупче Ристески за Алсат вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.

Повеќе прочитајте на официјалната статија ТУКА на Алсат М.

Боки 13 поднел документација за нарушено здравје

Прво осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба.Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

Боки 13 за време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош

Популарно