ВИДЕО+ФОТО: Вилата на Тито препуштена на забот на времето

Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито преноќил во вилатана индустријалецот Вилим Конен, а во неа Добрица Ќосиќ ја пишувал „Корени“, престојувале и Оскар Давичо, Антоније Исаковиќ, Милан Коњовиќ.

Вилата е единствено здание на Ференц Рајхл на Палиќ и пропаѓа веќе 12 години.

Изградена е во 1903 година, а од младите на Конен е преземена од 1946 година.

Оваа вила по конфискацијата е преземена од властите и е користена за општински потреби. Ја нарекувале Титова вила, иако Тито таму бил само еднаш.

Откако не се користи, вилата посетителите ги потсетува на куќа на духови.

„Вилата изгледаше убаво. Одамна одлучив дека таму нема да одам и само на фотографии гледам дека е пропадната. Кога ни беше одземена, ја чуваа за функционери, писатели и уметници кои таму се забавуваа“ - вели Вера Конен.

Додава дека ако државата им ја врати вилата, имаат право на дел и би требало да го добијат.

Титова вила се нарекува од 1963 година кога Тито престојувал во објектот. Градските власти не даваат прецизен одговор кога таа ќе биде реновирана. Нема фотографии кои ќе покажат како вилата изгледала во најдобрите времиња.

Угостителите измислуваат нови начини да ги „соголат“ туристите: Пицерија наплатува поставување маса и сечење пица!

На социјалните мрежи се појави фотографија од ценовник на една пицерија на хрватскиот остров Брач на кој е видливо дека угостителскиот објект наплатува и поставување маса, како и сечење пица.

Така, гостите за поставување маса ќе платат 12 куни (100 денари), а сечење пица 3 куни (25 денари) и тоа по парче.

(ВИДЕО) Чедомир Јовановиќ ,,излуде“ во емисија со историчарот Саша Адамовиќ

Долгогодишниот лидер на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, беше гостин во емисија на Пинк телевизија, заедно со историчарот Саша Адамовиќ, кој порано беше челен на Народна партија, создадена од актуелната претседателка на српскиот парламент, Маја Гојковиќ, како резултат на несогласувањето со радикалите на Шешељ, чии членови беа..

Прашањето за Косово, а посебно обидот да се ,,испере“ Слободан Милошевиќ за злосторствата што ги правел, го изреволтираа Јовановиќ, кој излезе од кожа и буквално викаше во студиото, пред збунетата новинарка, која ја изгуби моќта на зборување во тој момент:

Сопственикот на ,,Медикус“ е осуден на 7 години затвор за илегална трансплатација на органи

Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката “Медикус” од Косово, е прогласен за виновен и е осуден на седум и пол години затвора за илегална трансплатација и трговија со човечки органи.

Оваа пресуда ја донесе Основниот суд во Приштина, по неколу години судски процес.

,Докажано е дека Љутфи Дервиши, како сопственик и со лично учество на операциите, иако знаел дека прави недозволени дејствија, продолжил во повеќе наврати да регрутира ,,донатори“ на органи и да ги трансплатира во приматели, односно пациенти“-се вели во пресудата.

Дервиши со неговиот ,,тим“, извел најмалку 23 трансплатации на бубрези во 2008 година, така што на сиромашни дарители им плаќал одредени суми пари, а органите потоа ги продавал и транспплатирал на богати клиенти, најмногу од Израел, за 80.000 до 100.000 евра.

Популарно