ВИДЕО: Го барам татко ми - српскиот војник кој ја силуваше мајка ми. Таа ме роди и ме остави!

Ален Мухиќ е роден во месец февруари 1993 година во Босна и Херцеговина. Неговата мајка муслиманка неколку пати била силувана од српски војник, а како резултат на ваквиот громорозен чин се родил Ален.

1

Мајката на Ален се обидела да го абортира детето, но лекарите и рекле дека е предоцна. Таа и признала дека кога прв пат го слушнала бебето како плаче, посакала да го удави.

-Ме родила и после пет минути ме оставила. Ниту еднаш не ме нахранила. Само си заминала, вака ја започнал својата потресна исповед младиот Ален кој денес има 22 години.

Чуварот на болницата во која бил оставен Ален се сожалил за бебето и почнал да го зема со себе дома, кај сопругата и ќерките. Во болницата го враќал во текот на ноќта. За многу кратко време, целото семејство го засакале Ален како свое дете и одлучиле да го посвојат.

-Ќерките отсекогаш сакаа брат и тој сон им се исполни, изјавил чуварот Адвиј Мухиќ кој Ален го однел во својот дом во муслиманска енклава (регион, подрачје издвоено од сопствената и вклучено во друга држава) без греење и вода за пиење.

273498-go-baram-tatko-mi-srpskiot-vojnik-koj-ja-siluvashe-majka-mi.taa-me-rodi-i-me-ostavi

Уште во 1996 година Адвиј разговарал со новинарската екипа на Newsweek кои пишувале за бебињата родени за време на босанскиот виор на војната во период помеѓу 1992 и 1995 година, а во кој како плод на дури 50 илјади силувања од страна на војниците се илјадници напуштени бебиња. Сепак Адвиј вели дека и покрај начинот на кој се зачнал Ален, тој го сака подеднакво колку и своите ќерки.

 -Не знам како ќе му кажам кои му се родители, но еден ден ќе морам, изјавил тогаш Адвиј.

 

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина.

На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална кампања ќе заврши пред изборите, кои наместо в недела, овојпат се одржуваат в среда, а на кои се кандидираше претседателот на Републиката Зоран Милановиќ oд листата на СДП, како кандидат за премиер. Негов главен ривал е актуелниот премиер Андреја Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Социјалните, економските и надворешнополитичките прашања беа на маргините за време на кампањата, иако ХДЗ на Пленковиќ долго време беше предмет на критики поради бројните корупциски скандали и злоупотребата на фондовите на Европската Унија. Иако Пленковиќ негираше вмешаност на партијата во скандалите и изјави дека платите во Хрватска пораснале за 8,6 отсто во однос на 2023 година, а земјата забележала економски раст од 2,8 отсто, многу повисок од просекот во ЕУ, довербата на гласачите сепак опаѓа.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Самиот Милановиќ предизвика вознемиреност, главно на меѓународната политичка сцена, противејќи се на зголемувањето на помошта за Украина, за разлика од повеќето членки на ЕУ, а понекогаш настапуваше и со отворени проруски ставови, наведува Би-Би-Си.

Предизборната игра се вртеше околу имињата на претседателот на републиката и премиерот, чиј конфликт веќе неколку години е во центарот на хрватската политика.

Кога Милановиќ на 15 март објави дека „дојде време да се оседлаат коњите“, објавувајќи ја својата кандидатура за премиер на изборите на 17 април, предизвика вистински земјотрес на хрватската политичка сцена.

Уставниот суд набрзо му забрани на Милановиќ директно учество на изборите и премиерска кандидатура се додека не поднесе оставка од претседателската функција, што до ден денес не го сторил.

Милановиќ најави катарза и „запирање на хрватската трагедија“, а од СДП главно ја обвинуваа ХДЗ за корупција.

Премиерот Пленковиќ претходно го нарече Милановиќ „скриен лидер на опозицијата“. Сето ова што се случува е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите“, рече тогаш Пленковиќ.

Право на глас на 17 април ќе имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека три мандати избираат дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици пријавени се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се добијат 76 мандати.

Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во текот на изборната ноќ.

Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Популарно