ВИДЕО: Го допрел дното и пробал да се самоубие, но тоа било само почеток на новиот живот

Нејтан Присли на 18 години бил тежок повеќе од 165 килограми. Во училиште, во соседството и каде и да се појавел, неговите врсници го навредувале и го нарекувале со погрдни зборови. Нејтан тонел сè подлабоко во депресија.

- Отсекогаш бев предебел. Со години, злоставувањето во училиште придонесуваше за мојата тежина, бидејќи секогаш јадев и се тешев со храната. Ме болеше тоа ме споредуваа со Џаба. На крајот престанав да излегувам од дома и тоа траеше со години, ја започнува својата приказна Нејтан.

Мислел дека го допрел самото дно, купил апчиња за спиење и одлучил да стави крај на својот живот. За среќа, дозата што ја примил не била смртоносна за неговата тежина.

На крај ова мрачно искуство за него било пресудно. Тој одлучил да престане со самосожалување, да ги земе работите во свои раце и да го промени својот живот од корен.

- По неуспешниот обид да се самоубијам, сфатив дека мора нешто да променам и започнав со диета. За почеток од исхраната ги исфрлив благите работи. Одев да трчам во четири часот наутро, за да не ме гледаат луѓе. Во теретана вежбав во темна просторија, наменета за луѓе со слаба самодоверба, рекол Нејтан.

Откако од своето мени ги исфрлил чоколадите, чипсовите и брзата храна, тој почувствувал симптоми на апстиненцијална криза. Шеќерот го заменил со индиски оревчиња и преминал на исхрана со минимални количини на јаглени хидрати. Во наредните осум месеци губел по пет до шест килограми месечно.

Меѓутоа, како и многу други кои ослабеле за кратко време, кај него се појавил вишок на кожа, но тој проблем го решил со вежбање.

Денес, Нејтан има 21 година, двојно помалку килограми и станал фитнес инструктор кој им помага на други луѓе со слични проблеми.

Кои болести можете да ги префатите од бакнување?

Еве кои болести можат многу лесно да се пренесат преку бакнување од 10 секунди.

1. Респираторни вируси

Преку бакнеж може да се заразите од настинка, грип, заушки, сипаници. Сите болести што се пренесуваат со кашлање, кивање и допир можно е да се пренесат и преку бакнеж.

2. Мононуклеоза

Инфективната мононуклеоза се нарекува и „болест на бакнувањето“, а станува збор за заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус. Симптомите се слични на грип, а најчесто заболуваат млади на возраст меѓу 15 и 30 години.

3. Херпес Симплекс 1

Оралниот херпес што предизвикува болни гнојни ранички на усните и лицето се пренесува преку бакнеж, храна, кашлање и кивање.

4. Цитомегаловирус

Станува збор за вирус од семејството на херпеси со кои нашето тело успешно се бори, така што некои не ни знаат дека се заразени. Симптомите се чувствуваат најчесто кога имунитетот ни е ослабнат, а тоа се температура и болки во мускулите, додека во тешки случаи може да дојде и до напади, воспаление на бели дробови и проблеми со видот.

5. Стрептокока од групата А

Може да се лечи со антибиотици, а доколку не се лекува доведува до воспаление на белите дробови.

Луѓето кои имаат сало околу стомакот им фали еден витамин

Новата студија кој ја направи Универзитетот во Амстердам покажува дека дебелите луѓе на кои масните наслаги им се таложат околу половината имаат недостаток од витамин Д.

Резултатите од оваа студија беа презентирани на Европското здружение за ендокринолози на годинешната конференција во Барселона.

Маснотиите во црниот дроб се исто така поврзани со малата изложеност на сончева светлина, но само кај мажите, не и кај жените. Не е јасно дали недостатоткот на витамин Д допринесува за таложење на абдоменалните маснотии или дебелината го редуцира нивото на витаминот Д.

Од претходни студии е откриена важноста на овој витамин, кој како што велат научниците, помага да не се дебелееме и го чува срцето здраво, го поттикнува производството на азотна киселина која го регулира протокот на крв и која спречува нејзино згрутчување.

Шест митови за храната, во кои луѓето се уште веруваат..

Некои бизарни митови за храната се се уште актуелни и луѓето веруваат во нив. Овие шест митови се далеку од вистината:

1. Голтање на мастика

Ако сте проголтале мастика, немојте да паничите, вели специјалистот го гастро, Роџер Лидл. Многумина веруваат дека на проголтаната мастика и треба седум години да излезе од телото. Доктори од Универзитетот по медицина, велат дека тоа не е вистина.

„Нашиот систем е лесен – може да свари и мастика. Не постои одреден временски период за да се свари мастиката, бидејќи тоа зависи од личност до личност“, истакна докторката Лиса Гањх.

2. Храна по 20 часот

Постои мит дека ќе ослабете ако престанете да јадете после 20 часот. Доцната вечера е проблематична ако јадете голема количина на калорична храна. Оброците по 20 часот не се поврзани со губењето на килограмите, ако и остатокот од денот не внимавате што јадете или вежбате, судејќи по истражувањето на Обсити Ревјувс од 2012. година.

3. Јајцата се лоши

Според новите истражувања, нивото на холестерол во јајцата е значително помало од она како порано се мислело. Иако претерувањето може да донесе до зголемен холестерол, конзумацијата на четири јајца неделно нема да го зголеми ризикот од болести на срцето, пишува Фитнес.ком.

4. Морковот го подобрува видот

Да, морковот содржи А витамин кој е добар за видот, но тоа не значи дека ќе добиете супермоќ и ќе ги победите далековидноста или кратковидноста, пишува Индекс.

5. Правилото три секунди

Многумина луѓе веруваат дека храната која паднала на под и натаму е чиста ако ја изедат во рокот од три секунди. Ова едноставно не е вистина, ризикувате да се заразите со разни бактерии од подот, вели докторка Алиса Екерлеј за британски „Телеграф“.

6. Јаболките ги чистат забите

Во митот дека јаболката ги чисти забите има нешто вистинито, но немојте да се лажете дека е доволно да се изеде јаболко наместо да се измијат забите со четка и паста за заби или конец.

Популарно