ВИДЕО: Гореше небото над Австралија – спектакуларен огномет за дочек на 2017 година

Објавено на 31 декември 2016, 20:17

СПОДЕЛИ:

Со спектакуларен огномент пристигна Новата година во Австралија.

Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година со огномети, кои беа посветени на пејачите Принц и Дејвид Боуви.

Седум тони огномет беа лансирани од пристаништето во форма на Сатурн, месечината и ѕвезди во чест на песната „Space oddity“ на Боуви и во спомен на Принц, кои починаа во 2016 година.

За новогодишната ноќ беа ангажирани околу две илјади полицајци.

СПОДЕЛИ: