Младиот талентиран пејач, Христијан Пецев одлучи да и подготви несекојдневно изненадување на својата сакана Лора Турунџиева за нејзиниот роденден.
Имено, станува збор акустична кавер верзија на „Фотограф“ од Ed Sheeran во изведба на Христијан Пецев, а видеозаписот е составен од повеќе заеднички видеа со саканата Лора Турунџиева.
Видеото е во продукција на „Stardust Production“, за звукот се погрижи Горан Милошески, гитара Стефан Филков, а пратечките вокали ги отпеаја Филип Кирјаку и Стефан Филков.
Погледнете во продолжение за што точно се работи, можеби ќе биде вистинска инспирација за и вие вака да изненадите некого.
Твнова.мк