ВИДЕО: И ова се случува на - 20 во супермаркет во Кичево

Температури под нулата ја зафатија целата територија на Македонија.

Така и во Кичево температурата се симна 20 степени под нулата.

Кичевчани решија да се забавуваат па снимија видео во еден супермаркет. На видеото шишето со вода замрзнува за само неколку секунди.

Погледнете

Саша Поповиќ од многумина направи ѕвезди, но не и од својата жена

Саша Поповиќ како директор на Гранд направи кариера на многумина и од нив направи успешни, големи и богати ѕвезди, но не и од својата сопруга Сузана Јовановиќ со која долго е во брак.

Тие се заедно две децении и имаат 18-годишна ќерка, а Сузана има и син кој Саша го има прифатено како свој.

Кога стапија во брак Сузана пееше, но брзо стави точка на кариерата. Таа конечно се огласи на таа тема:

– Има многу активни пејачи, јас престанав активно да пејам и си се посветив на семејството. Кога се роди ќерка ни по бомбаррдирањето, сакав да ја земам улогата на мајка, така и сторив. Никогаш не зажалив, рече таа и ја затвори устата на сите кои за ова прашање го обвинуваа Саша.

Кога таткото ќе се сретне со педофилот!

Аргентинецот Волтер Родригез решил да се пресмета со педофилот кој сексуално ја вознемирувал неговата 11 годишна ќерка на социјалните мрежи. Кога девојчето му признало на таткото дека се допишува со 29 годишниот Герман Акоста и дека тој бара од неа да му праќа фотографии во долна облека и дека и досадувал , барајќи да се сретнат, родителот одлучил работите да ги земе во свои раце. Почнал да се допишува со педофилот во името на ќерката. Му напишал : "Јас сум невина". На што педофилот одговорил :" Тоа е супер, ајде да се најдеме! "

Таткото продолжил да ја игра играта и му закажал состанок на Акоста . Прво му закажал средба кај него дома, но се се уплашил дека во афект може да го убие, па го догооврил состанокот во центарот на Буенос Аирес.

 

Штом го здогледал, му се пуштил и фатил да тепа. Потоа викнал полиција. Педофилот бил приведен , а потоа пуштен да се брани од слободата. Да биде парадоксот поголем, сега двајцата се обвинети, едниот поради физички напад , а другиот поради сексуално вознемирување на малолетник. Аргентинскиот закон предвидува казна затвор од 6 месеци до една година затвор за сексуално вознемирување на малолетно лице.

НАПРАВИ САМ: Погледнете го видеото на битолчанецот Дејан со над 1.000.000 прегледи на Youtube

Битолчанецот, Дејан Киревски за кого имаме пишувано повеќе пати, на својот јутјуб канал има преку 100 видеа и сите имаат илјадници и стотици прегледи.

Во продолжение погледнете го она кое има речиси 1.000.000 прегледи.

Останантите се на неговиот канал

 

Популарно