ВИДЕО: Империја - Македонската песна за евровизија

Ова е новата песна која ке ја представи Македонија на евровизискиот избор за најдобра песна. Песната е во изведба на Влатко Лозановски и Есма Реџепова - Теодосиевска. Дали ви се допаѓа песната и нејзиниот спот?

ВИДЕО: Младоженец од Битола ги зема работите во свои раце

На порталот „Битола бабам Битола“ е објавено видео каде младоженецот на свадба го глрабнал тапанот и ја вжештил атмосферата.

-Една година од свадбата на Зоки Конга кој е член на битолската група ConTruDj заедно со Владимир Николиќ Дадо и Иле Микаровски. Видеото ни го испрати Дадо. Да ги поздравиме сите!, пишува порталот Битола бабам Битола.

Ја отрул сопругата со сладолед за да ужива со љубовницата

Дејвид Петис (64) ја отрул својата сопруга со помош на сладолед и дрога за да виде во врска со неколку години помлада љубовница.

Дејвид работел како возач на автобус во Чејн во Америка и е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата Пеги Петис.

Тој на несреќната жена и дал сладолед во кој ставил мешавина од апчиња за деменција и алкохол. Пред судот се бранел дека таа не можела да ги голта апчињата, па редовно и ги мешал со сладолед.

Меѓутоа спроед доказите кои се презентирани на суд, тој го брзал токсикологот да му даде извештај, зошто веќе имал закажано кремирање на сопругата.

Тоа дополнително го засилило сомнежот дека ладнокрвно ја убил жената како и фактот дека Пеги потпишала нова полиса за осигурување според која нему по нејзината смрт би му припаднала поголема сума на пари.

Сепак факт што го „закопал“ е неговата јавна преписка на Фејсбук со својата девојка од училишните денови, што е означено како уште еден мотив за убиство.

Според изјавите на семејството на убиената, тој планирал да ја посети љубовницата само четири дена по смртта на сопругата.

Дневен хороскоп

Овен  

Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо.

Бик

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

Близнаци

Не е пожелно да сте премногу активни и иницијативни. Денес може да се однесувате иритирачки кон луѓето од кои зависите. Намалете го темпото и бидете толерантни.

Рак

Престанете да бидете 100 проценти убедени и самоуверени дека нема ниту една пречка пред вас. Доверете се на досегашното искуство, а не на агресивната сигурност. Ќе напредувате само ако реално размислувате.

Лав

Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За сѐ друго гледајте само напред.

Девица

Физичката состојба ви е добра, но психичката состојба ви е нестабилна. Воздржете се од учество во спорови или најобични дискусии за службени прашања. Субјективни сте и можете да кажете нешто несоодветно, со што можете да си наштетите.

Вага

Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет.

Скорпија

Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, за кои многу ќе жалите.

Стрелец

Не чекајте покана, ако веќе имате на ум нешто. Започнете го, дури и да не сте сосема сигурни во шемата, технологијата и начинот на работа. Подобро е да работите на принципот обиди се или згреши отколку само да мечтаете за тоа.

Јарец

Мирен ден, до некој степен и здодевен. Единствениот спокоен зрак ќе биде разговор со стара љубов или нов обожавател, но ќе бидете задоволни. Работните обврски или заостанатите испити не можат да чекаат, фаќајте се за работа.

Водолија

Премногу сомнежи ви доаѓаат на ум. Ако се продлабочите во нив ќе изгубите време и емоции, а нема да дојдете до никакво практично решение или образложение. Размислете дали вреди, ние ве советуваме да продолжите напред без навраќање.

Риби

Денес енергичното ниво ви е стабилно и сте исклучително функционални, но поради желбата да завршите што е можно повеќе работа може да дојде до грешки кои после тешко ќе можете да ги поправите. На крај, ќе се свестите и ќе видите каде сте згрешиле, па поправањето ќе го оставите за утршениот ден кој е поповолен.

Популарно