(ВИДЕО) Инспекторите го увидоа хаосот во старскиот дом во Радишани

Со мерка времено затворање се соочува домот за стари лица Бранкица по контролата направена од Министерството за труд и социјална политика. Инспекторите утврдиле пропусти и непочитување на основните услови за работа на инситутцијата. Немало лифт за транспорт на неподвижни пациенти а нудат геријатриски услуги. Сомнителен за надлежните бил и начинот на кој се обезбедува храната за корисниците.

-Ќе биде направен и стручен надзор, и потоа ќе биде утврдено кои мерки ќе бидат преземени. Евидентно е дека на лице место утврдивме дека ова е установа која според закон не треба да има кујна, но мора да обезбедува кетеринг услуга за исхрана на корисниците. Ќе биде разгледана и самата лиценца што ја има објектот, изјави Душко Миновски државен советник во Министерството за труд и социјала.

Не запираат реакциите на граѓани за начинот на работа во домот. Овие фотографии испратени во Сител сведочат за третманот на корисниците. Пелени за неподвижни пациенти кои се за еднократна употреба се перат и сушат во дворот. За лошиот третман сведочат и соседите.

- Памперсите се сушат, кујната е во дрвена шупа, ги слушаме болните како викаат - реагира сосед на домот Бранкица

Луѓето кои живеат во куќите околу домот не сакаа да зборуваат јавно, но велат дека со години се во спор со сопственикот на Бранкица а со него воделе и судски процес.

Директорот на домот за стари лица Бранкица и денеска не сакаше да даде изјава пред камера и да одговори на обвинувањата на Зорка Петковска и други семејства дека има нехуман однос кон корисниците на домот. Вели дека е доволен демантот испратен до Сител во кој ги негира ваквите тврдења.

По сторијата на Сител во која Зорка Петковска изнесе шокантни тврдења дека сопругот Владо бил малтретиран и изгладнуван во домот Бранкица, ги поттикна надлежните инситутции наредниот период да направат контрола во сите установи кои нудат згрижување за стари лица.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно