(ВИДЕО) Јелена Томашевиќ и официјално доби наследничка

Во вчерашното издание на „Пинк ѕвездички“ Софија Ѓекиќ (12) од Смедерово предизвика воодушевување со својот настап.

Членовите на жирито ја прогласија за новата Јелена Томашевиќ, а многумина констатираат дека по ваквиот настап, Софија е фаворит за победа и дека ќе биде и тоа како тешко некој да ја надмине…

Погледнете го настапот на Софија Ѓекиќ за кој долго ќе се зборува:


Sofija Đekić - Kopriva by PinkoveZvezde

(ВИДЕО+ФОТО) Гевгеличанецот Стојанчо Бучков се пласира во финалето на бугарскиот „Х фактор“!

Македонија ќе има за кого да навива во финалните емисии на бугарскиот „Х фактор“, каде што минатиот викенд заврши и последната фаза од квалификациите пред завршните вечери во живо. Во финалето ќе се натпреваруваат 13. кандидати. Меѓу нив е, извонредниот Стојанчо Бучков од Гевгелија!

Првото финале, како што ни рече Стојанчо Бучков, ќе се одржи во недела и само деветмина најдобри продолжуваат понатаму.

Во фазата наречена „Домовите на судиите“, 22. годишниот пејач ја имаше последната шанса да го убеди менторот Криско дека заслужува место меѓу најдобрите тројца од неговата категорија, а во одлуката му помагаше познатата бугарска пејачка Јорданка Христова. Стојанчо овој пат ја отпеа баладата „Angel“ од Сара Меклаклен, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

Интересно е што многу македонски млади пејачи се одлучуват да учествуваат во слични избори на „Гранд“ и „Пинк“, но не и Бучков…

„Во тие натпреварувања го нема музичкиот формат кој јас го претпочитам, не дека ги потценувам сите кои учествуваат таму. Но, јас не пеам таква музика, туку модерна поп музика“ ни рече Стојанчо кој одвои малку време меѓу подготовките за во недела.

Во првото финале, во недела, ќе учествуваат 13. натпреварувачи кои ќе се борат за гласовите на публиката како во салата така и на тв гледачите. Му посакуваме многу успех на Стојанчо да се пласира во наредното финале..и се’ до самиот крај…

ВИДЕО: Тијана како Џастин Тимберлејк во ТЛЗП!

Тијана Дапчевиќ во најновата емисија на „Твоето лице звучи познато“ се појави како Џастин Тимберлејк.

Со песната „Can’t Stop the Feeling“, Тијана растури на сцената и направи вистинско шоу.

Настапот го започна од зад сцената, па потоа се префрли пред жирито. Тијана беше непрепознатлива и доби само пофалби од жирито.

Зошто Љиљана Петровиќ не оди на гробот на Тоше на 16 Октомври?

Интервју на zenskimagazin.mk со менаџерката, Љиљана Птровиќ, по повод 10 години од смртта на поп ѕвездата.

На гробот на Тоше одам секогаш кога ќе дојдам во Македонија. Тоа може да е секој друг ден, само не е тој 16 октомври. Го посетив и музејот, тоа е еден убав спомен на Тоше. Тој нема да биде заборавен, тоа е дефинитивно

Љиљана Петровиќ беше во автомобилот со Тоше за време на несреќата, една година по неговата смрт се повлече од сите концерти кои беа организирани во негова чест, како и довршувањето на албумите и на песните кои беа постхумно издадени.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Популарно