ВИДЕО: Како да направите помфрит како во МекДоналдс?

Доколку сте од оние за кои помфритот од „МекДоналдс“ е најфкусниот, ви пренесуваме рецепт за највкусниот помфрит на светот:

gty_french_fries_mcdonalds_kb_150121_16x9_992

За почеток потребни ви се неколку компири, потрудете се да бидат поголеми, а потоа излупете ги и исечете ги. За да бидат со иста големина, најдобро е да користите сечкалица, но можете и со нож.

Потоа земете сад, ставете студена вода и потопете ги компирите. По пет минути, извадете ги компирите за да се исцедат, а потоа во садот ставете зовриена вода.

Сега следи тајната: во зовриената вода ставете малку шеќер и сируп од пченка. Оваа комбинација ќе му даде крцкавост на компирите.

Потоа префрлете ги компирите во овој сад и оставете ги десет минути. Извадете ги компирите на хартија, а потоа ставете ги во фрижидер на 20 минути, а потоа испржете ги во фритеза.

Она што е важно е помфритот да го пржите два пати. Птвиот пат држете го фритеза само 2 минути, извадете го на хартија и оставете го 10 минути. Потоа повторно вратете го во фритеза и пржете уште 5-7 минути.

Вашиот помфрит од Мек е готов! Уживајте!

ВИДЕО: Се продава блиндираниот мерцедес на Путин - погледнете како изгледа и колку чини

На Рускиот сајт за продажба на автомобили auto.ru, се продава биндираниот Mercedes-Benz S600 Pullman од автопаркот во Кремлин со специјална ознака ГОН  Лимузината која е произведена во 2003 година е сопственост на колекционер, кој тврди дека истата била користена лично од претседателот Владимир Путин „за официјални и за неофицијални средби“.

Според описот до објавата возилото е произведено по нарачка од Mercedes-Benz, а не од приватно студио, а е блиндиран по стандардот B7/B7.

Под предната хауба работи 5,8-литарски V12 мотор со моќност од 367 коњски сили и максимален вртежен момент од 530 Нм. Има петостепен автоматски менувач со придвижување на задните тркала.

Лимузината има кожен салон, тризонска клима, автоматско регулирање на седиштата и високквалитетен развлекувачки систем. Возилото учествувало на изложбата „90 години ГОН“ заедно со други автомобили користени од руското Претседателство.

Продавачот го има оценето ова возило со 111.390 евра.

Спонзорушата Симона: "Од своја 18 година ни паричка не сум заработила, а живеам чист луксуз“

Симон Тун од Лондон вели дека ни фунта со години не потрошила за ништо. Луксузен стан во центарот на Лондон, одмори, облека, храна, естетски зафати, па дури и теретана, и плаќаат богати постари мажи.

Симона за себе вели дек е спонзоруша, а своето "занает" го дефинира вака:

- Спонзоруша е девојка која живее убав живот. Сите ваши потреби ги исполнуваат спонзорите – вели таа.

Под ниеден услов не би одела со маж кој не сака да и ги исполни желбите. Се обидела, и побегнала.

- Моите основни потреби на месечно ниво чинат 4.000 фунти, а да не зборуваме и за уште работи во текот на месецот. Едноставно, покрај мене мора да оди успешен маж – вели Симона.

Како изгледа нејзиниот просечен ден?

- Се будам околу пладне, мразам утра. Потоа одам во таретана и вежбам два до три часа. Често после тоа одам на маникир. Подоцна се наоѓам со мојата најдобра пријателка и околу 4 или 5 часот одам на ручек. Потоа одам дома и се подготвувам бидејќи навечер одам на некое убаво место, вели таа додавајќи дека деновите ги поминува во шопинг дека "еднаш неделно мора да купи некоја дизајнирана торба".

- Најлуксузна работа која сум ја добила е автомобил Range Evoque, вреден 25.000 долари, баш за мене. Сега баш се вратив од Дубаи,каде што бев со мојот спонзор. Ми беше супер, ми даде 8.000 фунти да ги потрошам на што сакам – вели Симон која потекнува од градчето Нортхемптношир.

- Таму немаше многу простор за напредување, а јас секако не сакам обична работа. Родителите ме подржуват во мојот избор. На крај краишта и моите две другарки, едната адвокат а другата лекар, мора да се потпрат на свои спонзори за да имаат доволно пари. Затоа не сакам ни да пробам да работам друга работа – заклучила таа.

Најстар спонзор кој го имала имал 62 фодини, а таа разлика била преголема за неа.

- Тие стари богаташи на некој начин ме третираат како ќерка. Знам дека звучи преверзно, но убаво е кога некој се грижи за вас – вели таа.

Популарно