ВИДЕО: Каква бомба - ова е новата девојка на Кристијано Роналдо

Фудбалерот се обидел да се маскира од папараците, но лошата перика не го направи непрепознатлив за љубопитните фоторепортери.

nintchdbpict000284138797-520x438

Кристијано Роналдо е во врска со атрактивната шпанска манекенка Џеорџина Родригез, но маскирањето и не му успеало многу.

ronaldo-devojka2

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има нова девојка, а за да ја скрие новата романса од јавноста, односно од неуморните папараци, се обидел да се маскира носејќи перика, капа и очила за сонце!

Имено, славниот фудбалер е во врска со атрактивната шпанска манекенка Џеорџина Родригез, но маскирањето и не му успеало многу.

noticia-166940-georginarodriguez

Роналдо со новата девојка го посетил Дизниленд во Париз, а на главата ставил црна перика со надеж дека ќе помине незабележително.

(ВИДЕО) Мајсторија за која долго ќе се зборува: Ова е кандидат за гол на сезоната!

Веќе се навикнавме наградата за најубав гол на сезоната да оди во рацете на најголемото и најпознато фудбалско име, но не мора баш секогаш да биде така.

Кандидатура за овогодинешната награда истакна Даниел Дубидад, фудбалер на Алверчурч, клуб кој настапува во осмата фудбалска лига.

Нема потреба од зборови, само погледнете го голот!

Почина тенисерката Јана Новотна

По долга и тешка болест денеска на 49 годишна возраст почина една од најдобрите тенисерки во историјата Јана Новотна.

Чешката тенисерка во текот на 14 годишната кариера освои вкупно 100 трофеи на турнирите од кои 24 во поединечна конкуренција и 76 во игра на двојки, а најголемиот успех го забележа во 1998-та кога триумфираше на Вимблдон. 

Новотна беше дел од репрезентацијата на Чешка која славеше во 1988 година, а во текот на кариерата има и три олимписки медали.

Секс видео на згодната сопруга на познатиот фудбалер со друг маж!

Сопругата на напаѓачот од Северна Ирска, Кајли Лаферти, Ванеса, е обвинета дека имала секс со непознат маж во авионскиот тоалет.

На интернет протече снимка на која пар е фатен како се секса во авионско WC, а жената неодоливо потсеќа на Ванеса.

„Не ме вовлекувајте во своите гадости. Сите кои ја видоа снимката се согласуваат дека е одвратна. На неа не сум јас“, напиша таа на Твитер.

Популарно