ВИДЕО: Камерите го снимија како си ја тепа сопругата во центарот на градот!!!

Па ете, добра идеја за нашите невладини органзиации кои добиват огромни суми на пари, да се активираат и да придонесат нешто повеќе од она што сега го прават а с сведува на досадни конференции кои не ги посетува никој.

bfd21

Ова видео доаѓа од Сараево, Босна и Херцеговина. За среќа, насилството кое ќе го видите, не е реално, туку само дел од скриена камера во функција на камапањата за спречување на семејното насилство.

Полицијата го уапси откако го фатиле на лице место како купува дрога, од деталите во шок и најблиските пријатели

Актерот Сергеј Трифуновиќ вчера бил уапсен додека купувал дрога, пишуваат српските медиуми.

Како што неофицијално се дознава, Трифуновиќ бил уапсен откако полицијата го следела автомобилот на мажот В.А. и го фатила додека се случувало примопредавање на дрогата.

– Патролата забележала дека е во тек предавање на дрогата, па пристапила кон апсење на лицата. Лисици му беа ставени на В.А. кој беше означен како продавач на дрога и Сергеј Трифуновиќ како купувач – вели извор за медиумите и додава:

– Кај Трифуновиќ е пронајдено едно ПВЦ пакетче со околу 5 грама марихуана, додека при преглед на возилото што го користел В.А., во чантата биле пронајдени околу 40 ПВЦ пакетчиња со околу 70 грама марихуана и ПВЦ кесата што ја чувал под хаубата на автомобилот.

Мартин Трпчевски: Пред да се оженам имав два телефони, едниот швалерски, едниот за работа!

Во новата епизода на повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност.

Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде? 

Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот со женски муабети поткаст Искрено на zase.mk. Се збореше и за тоа што ги прави жените одбивни за мажите, но и кои слабости не би требало да излезат на воделина, барем во почетокот на врската. Да не ви раскажуваме сѐ, погледнете го целиот поткаст, коментирајте и поставете прашања кои би сакале да ви бидат одговорени. 

(Фото) Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само женски навреди

Ивана Наскова на македонската јавност досега и беше позната како радио и ТВ водителка, стендап забавувач и писателка, а отсега и по новиот проект. Овој пат заедно со „Кеш фолкерката“ како ко-водителка, Ивана и Адријана “без влакна на јазикот“ „Искрено“ ги анализираат машко-женските односи во своите женски дијалог муабети, разменувајќи туѓи, а Бога ми и лични искуства на оваа тема.

За љубов, секс, размена на нежности, емоции, страсти и флуиди, за јајцеклетки и сперматозоиди, за непристојни предлози и пристојни понуди…  И за уште илјадници нешта и ситуации кои ги оптоваруваат или воодушевуваат мажите и жените, момите и ергените, мажените и женетите… сите!

Арно ама, колку и да сакале, колку и да се труделе да бидат и забавни и информативни и едукативни, секогаш има некој на кој „не му фаќаш око“, па те третира како нему лично „да си му брцнал“ во истото тоа око, иако ниту ти го познаваш, ниту тој те знае.

Едноставно такво ни е поднебјето, па со туѓото мислење може дури и да се согласуваш, ама па затоа ти пречи туѓиот изглед!  А такви секогаш има, само што овој пат тој не е ТОЈ, туку е ТАА! Или ТИЕ.. Жени… На кои не и им се допаднало како изгледа една од водителките на новиот поткаст, поточно Ивана Наскова, па на социјалната мрежа  Х (бивш Твитер), „сочно“  ја извреѓаа… дека била дебела!?

Така што Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само грст женски навреди… „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното очигледно искрено ја повреди!

Па затоа водителката реши „хејтер(к)ите“  за сметка на нејзиниот изглед и килажа, да ги направи „познати и славни“ со јавна бламажа. Патем, нивното кажано го дополни и со свое мислење, колку за… „утешение грешним“! Дали и таа како искусна женска „медиумска ѕверка“ им возврати во споделеното со иста мерка на „раздрдорените господа и дами“ – проценете сами?!

Популарно