Скоро секое соочување на татко со убиецот на својата ќерка завршува вака некако. Во овој случај, Двајн Смит го видел убиецот на неговата тригодишна ќерка, Клифорд Тома и не можел да се воздржи да не направи инцидент во судницата во Детроит. Имено, девојчето починало како последица на внатрешно крварење во главата и желудникот, а обвинителството во текот на судењето изнело податок дека имала преку 50 повреди.
Смит го удрил Томас со тупаница во глава, па потоа е изведен од просторијата, за да не дојде до поголем инцидент. Ќерката на Смит, Џамила починала во болница во септември минатата година. Докторите откриле дека нејзината мајка и поранешна сопруга на Смит, Џесмин Гордон, односно нејзиното момче не ја говорат вистината за повредите и смртта на девојчето.
Тие двајца на докторите им рекле дека девојчето ја удрило главата во ѕид, меѓутоа набрзо е откриено дека детето е физички злоставувано.
Џесмин е осудена на затворска казна од седум до петнаесет години, поради убиство од небрежност, односно на 14 до 25 години поради злоставување од прв степен. Томас е осуден на шест до петнаесет години затвор поради убиство од небрежност, односно на година до две поради спротивставување при апсење.