(ВИДЕО) МАГИЧЕН ДРИБЛИНГ КОЈ ЗАНЕМЕ МНОГУМИНА: Потегот на синот на Зидан ќе ве остави без зборови

Младиот фудбалер на Реал, Тео Зидан, експресно стана хит на социјалните мрежи поради неговиот потег на натпреварот против екипата Одело Толетум.

Тео Зидан, кој е син на тренерот на првиот тим на „кралевите“, го измами противничкиот играч на тој начин што ја префрли топката преку него, а потоа продолжи со акцијата.

Teo не успеа да постигне гол, но доби овации од трибините, а потоа ги освои и корисниците на социјалните мрежи.

Погледнете во продолжение.

(ВИДЕО) Шведските ракометарки со секси танц го запалија интернетот

Ракометарките на Шведска се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство откако ја победија Словенија со 33:21.

Швеѓанките покажаа убедлива игра на теренот и заслужено се пласираа во четвртфиналето, но многу повеќе воодушевија со она што го направија во соблекувалната.

Имено, тие пласманот меѓу осумте најдобри го прославија со секси танц. Нивната одлична кореографија набрзо стана хит на интернет и го воодушеви целиот свет.

 

Vi är i kvartsfinal! Heja Sverige! #handbollslandslaget #handboll #handball #germany2017 #simplywunderbar #sverige #vm2017 #zumbasabbe

A post shared by Handbollslandslaget (@handbollslandslaget) on

(ВИДЕО) Вака се сака татковина: Освои злато, но и пуштија погрешна химна

На јуниорското европско првенство во атлетика во Италија, Белорусинката  Виолета Скворцова го освоила златниот медал, но организаторите ја пуштиле химната на Босна и Херцеговина. Виолета тогаш покажа како се сака својата земја, химна и знаме. 

(ВИДЕО) Хорор во САД: Британец на бокс-меч речиси остана без уво

Британскиот боксер Стивен Смит речиси остана без уво за време на борбата со Мексиканецот, Франсиско Варгас.

Во борбата одржана во Лас Вегас, Смит имаше желба да се врати на врвот, но откако увото му беше тешко повредено, дојде до прекин во деветтата рунда по што судиите едногласно донесоа одлука за победа на Варгас.

По мечот Смит е префрлен в болница каде увото му било сошиено и утре ќе се врати во татковината.

Популарно