ВИДЕО: Миленко Неделковски си заминал од Kанал 5 - Еве зошто

Миленко Неделковски на радио „Радио Слободна Македонија“ обелодени дека еднострано го раскинал договорот со Канал5 телевизија и истиот го образложи.

Слушнете зошто Миленко се решил на овој потег:

ФОТО: Никола Тодоров даде оставка

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник на ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров, даде оставка од својата пратеничка функција. Во својот фејсбук статус тој ја објаснува причината за донесување на оваа одлука.

Хаос на судењето за „Диво Насеље“

Судијката Верка Петковска ги отстрани од судницата сите обвинети во случајот Диво Насеље. Тие бурно реагираа откако беа одбиени предлозите на одбраната, за овој предмет да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и други екс-функционери.

Одбраната бараше изземање и на судијката и Судечкиот совет. Се очекува денеска Кривичниот суд да ја обзнани одлуката дали друг судија ќе постапува во случајот.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 37 луѓе за тероризам и терористичка организација.

Во нападите на 9 и 10 мај пред две години во кумановската „Диво насеље“ загинаа осум припадници на МВР и десет припадници на вооружената група.

Џафери свика седница на Собранието на Р. Мекадонија: Утре ќе се гласа новата влада

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве известуваме дека мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, на 28.05.2017 до Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.

            Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Макединија

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Популарно