ВИДЕО: МВР со детали за акцијата во која беше уапсен соработникот на Заев

Поднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи во петокот по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување “МРЕЖА” изврши претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што сузбиена е организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази  од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага., информираат од МВР.

Поднесена е  кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29)  и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3  од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво  по член 396 и В.В. за сторено кривично дело – “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ.

Лицата се  изнесени  пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор

Имено, по спроведена истрага утврдено е дека лицето Д.В.  од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачје на Прилеп и Битола, со цел стекнување на противправна имотна корист. Д.В. создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од лицата Н.Х. и Е.З. двајцата од Скопје,  кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со парични средства, а во неколку наврати  направена е замена на  дрога за автомобили и моторцикли.

По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на лицата М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја превземал и  доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба. Исто така,  по инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја превземале дрогата од горенаведите лицата задолжени за чување, мешање и препакување.

Петокот и саботата (17/18.03.) по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси на подрачје на Прилеп, Битола и Скопје при што кај лицето Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на лицето В.В. (инаку сопруга на Д.В.) пронајдена е дигитална вага.

Вчера (18.03.) при извршените претреси во Скопје кај лицето Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела непозната материја, едно полиетиленско пакување со непозната бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65 потоа 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три возила (ПЕЖО 307, Пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи. Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8-10 кг марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари – 19.000 денари.

Имено при преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот,новчаник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја –хероин, 50 екстази и дигитална вага

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, се посочува во роковникот на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

-Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник), се посочува во Роковникот на ДИК.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

Популарно