За поплавите знаете речиси се, затоа што медиумите се преполни со информации...
Генијалното видео на „Art Studio“ ќе ви покаже како изгледаат поплавите во Хрватска од птичја перспектива.
„Ова е најтажното видео што сум го направил со сигурност“, истакнал Роберт Балашко во описот на своето видео.
Роберт објаснил дека за да го изработи ова професионално видео користел дронови и хеликоптер, со цел да ни ги доближи луѓето и да сфатиме колкава тага доживуваат. Неодамна е покрената и веб-страницата poplave.hr , на која можете да ги дознаете сите информации за оваа катастрофа што и се случила на Србија, Босна и Хрватска.