ВИДЕО: Не знаете дека постојат,а тие се грижат за вашата безбедност

Untitled

Можеби и не знаевте дека постојат, но тие се виновни за безбедната и квалитетна изградба на повеќето инфраструктурни објекти во нашата земја и пошироко, и веќе 4 децении успешно ја пишуваат својата приказна. Градежниот Институт Македонија прослави 40 години постоење во одлична атмосфера и во друштво на многу соработници, личности од јавниот живот и пријатели. Започнуваат со работа во 1975 година, а денес се бренд кој нуди услуги во повеќе области како планирање, истражување, проектирање, контрола на квалитет, па се до надзор и градежништво.

ВИДЕО: Ова се зелените идеи кои ќе го променат македонското општество!

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи трите најдобри зелени бизнис идеи за 2017.  На крајот од месецот победничките зелени бизнис идеи заминуваат во Црна Гора каде на регионално ниво ќе се борат за освојување на парична награда од 10.000 долари.

ВИДЕО: Вест која сигурно ќе ги интересира сите мајки и баби!!!

После 50-тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и др.градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето.

Популарно