Беше згодниот дечко на Саманта од „Сексот и градот“ – Девојките сеуште лудуваат по него

Саманта секогаш била со добри фраери, а денеска девојките и жените со насмевка се присетуваат, на некои од нејзините дечковци, дури и по 13 години.

Прочуената американска серија „Сексот и градот“ и ден денешен е една од омилените женски телевизиски проекти, чии епизоди ни после толку репризирања не се пропуштаат.

Актерката Ким Катрал можеби стана планетарно популарна по улогата на Саманта Џоунс, најслободниот лик во серијата, остана позната по тоа што ги „јадеше мажите“.

За многумина Саманта е лик каков што всушност секоја жена треба да биде, без предрасуди, секогаш отворена кон новите искуства, без запирања кон предизвиците во секоја врска, а она што е најважно, по мажите никогаш не трчала, и ги доживувала како – миновни.

Еден од секси момчињата на Саманта беше русокосиот Смит Џерод, кој го глумеше ликот на Џејсон Луис. Се пјоави како долгокосото момче, а кога се ишиша, го покажа своето змиско тело, кое не само Саманта, туку ги споулаве и жените ширум светот.

Сигурно добро се сеќавате баш на оваа сцена…

Полни 13 години минаа откако серијата „Сексот и градот“ заврши, но убавиот Смит, жените и понатаму го паметат, и тоа со насмевка!

Погледнете го денес:

3 јасни знаци дека сте запознале некој од претходниот живот

Оние кои веруваат во реинкарнација велат дека душата го напушта телото по смртта на физичкото тело и дека влегува во ново физичко тело откако минува кратко време во спиритуалниот свет.

Доколку идејата за реинкарнација е точна, тогаш сосема е сигурно дека низ животот се среќаваме со луѓе кои веќе ги познаваме, по добро или лошо, од некој претходен живот.

Експертите за реинкарнација велат дека постојат три начини да препознаете човек кој веќе сте го знаеле во претходниот живот.

Моменталната поврзаност или одбивност

Кога ќе запознаете некој со кој сте имале некаква врска во претходниот живот, чувствувате одредена доза на поврзаност со него. Меѓутоа, ако истиот момент почувствуваме одбивност, во прашање е личност која во претходниот живот воопшто не ни се допаѓала и кон неа сме имале негативни емоции. Во двата случаи ова е знак дека вашите души се знаат од претходно.

Телепатска поврзаност

Веројатно ви се случило некогаш во одреден момент да спомнете некоја личност, а во следниот баш таа личност ви испраќа порака. Предвидувањето на реакциите и речениците исто така е знак на поврзаност од минатиот живот.

Препознавање на очите

Дали некогаш сте се загледале во нечии очи и сте останале маѓепсани? Кога вендша при запознавањето некого го погледнете во очи и почувствувате дека ви е познат, а покрај тоа имате чувство на привлечност, знајте дека таа личност ви е позната од претходниот живот.

(ВИДЕО) Жена не успеа да паркира и падна со автомобилот од седмиот кат

Обидот на жителка на американскиот град Остин да паркира во катна гаража за малку ќе завршеше трагично.

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил, кој се движел долу на тротоарот. Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува „Дејли Меил“.

– Прозорецот ми беше отворен и слушнав некаква бучава, се оддалечив и во тој момент колата слета врз задниот дел на мојот автомобил, изјави Бирч за британското издание.

Еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот, истакна дека ако возачот не го направил спасувачкиот маневар, возилото на жената ќе слетало врз неговата глава.

Жената која паднала од седмиот кат преживеала и сега се наоѓа во болница. Таа најверојатно ги згрешила педалите за сопирачката и гас.

Популарно