(ВИДЕО) Новогодишни оргии: Подивееја бегалците со пиштоли по улиците на Берлин

На интернет мрежата се појави видео во кое бегалците од Блискиот Исток беснејат за време на новогодишната ноќ во Берлин. На кадрите, направени од очевидци, се гледа огромна толпа побеснели мажи, кои пукаат со пиштоли во воздух.

Многумина во дива екстаза, фрлање огномет низ улиците на германската престолнина. Бомбите грмеа директно под прозорците на жителите во регионот, а мигрантите не престануваат да врескаат.

Трамп имал средба со самиот себе?!!!!

Претседатлот на САД, Доналд Трамп изјави дека се сретнал со претседателот на Девствените Острови, што значи деке имал средба со самиот себе, објави денеска британскиот весник Индипендент.

Трамп ги посети Девствените острови по ураганот Ирма, кој на крајот од септември целосно разурна неколку острови и нанесе голема штета и во Флорида.

Тој во петокот изјави дека бил во Тексас, во Флорида, во Лујзијана, во Порторико, како и оти се сретнал со претседателот на Девствените Острови.

Трамп таму се сретна со гувернерот на Девствени Острови, Кенет Меп, 61-годишен Њујорчанин, кој е на функцијата од 2015 година. 

ДОЈДЕ КРАЈ: Во оваа земја 24 години имаа бесплатно струја, гас и вода

Од 1993 година граѓаните на Туркменистан користеа бесплатно струја, гас и вода. 

Но, неодамна е донесен закон со кој овие привилегии се укинуваат. 

Досега секој поединец имал право на бесплатни 35 kW  струја, 50 метри кубни гас месечно и 250 литри вода дневно. 

До 2014 година за сопствениците на автомобили давале и по 120 литри бензин месечно. 

Од 1 ноември граѓаните ќе плаќаат од свој џеб ако го поминат лимитот установен од 1993 година. 

Се смета дека овој систем не е оддржлив и дека во иднина ќе биде достапен само за социјалните случаеви. 

(ФОТО+ВИДЕО) Повеќе повредени во пукање на пазар во град во Шведска

Во центарот на шведскиот град Трелеборг маж отвори оган во минувачи во доцните вечерни часови.

Како што јавуваат агенциите, мажот пукал во луѓе на улица во стариот дел на Трелеборг, во кој има пазар, голем број продавници и ресторани. Во тој дел од градот навечер се собираат голем број луѓе.

Во нападот, колку што засега се знае, се ранети најмалку четири лица. На лице место веднаш излегле полициски сили и екипи не брзата помош. Полицијата, според локалните медиуми, е во потрага по напаѓачот, а повредени во нападот се префрлени во болница.

Пукањето засега не се третира како терористички напад, пренесуваат агенциите повикувајќи се на полициски извори.

„Добивме повеќе пријави за пукање во Трелеборг. Брзо отидовме на лице место и откривме, на релативно мал простор, повеќе луѓе повредени во пукањето. Некои ранети со огнено оружје, но не сите. Блокиравме делови од градот и истражуваме што се случило“, изјави портпаролот на полицијата.

Трелеборг е најјужниот шведски град, одалечен триесетина километри од Малме.

Популарно