ВИДЕО: Погледнете какво роденденско изненадување му приреди Џихан на Озан!

Актерите Бурак Тозкопаран и Еркан Петекаја кои во турската серија „Парампарче“ играат татко и син во улогите на Џихан и Озан и во приватноста се блиски како и во филмот.

erkan-petekaja-serija-turska-paramparcad-1468958114-953249-1

На нивните Инстаграм профили обожавателите имаат можност почесто да гледаат и нивни заеднички моменти и кога камерите не се вклучени.

Па така, пред неколку дена Озан или актерот Бурак имаше роденден, а Еркан го изненади со својата појава и подарокот.

Имено, тој неочекувано се појавил во ресторанот каде бил присутен Озан и го изненадил со роденденска торта со свеќи.

Ова видео е потврда дека актерите се исто толку блиски како и во сценариото на популарната серија.

ВИДЕО: Досега невидена сцена од „Лепа села лепо горе“

Култниот балкански филм на Срѓан Драгојевиќ од 1996 година „Лепа села лепо горе“ ја собра брилијантната актерска екипа предводена од главните актери Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ.

Но, сега, по повеќе од 20 години од снимањето на оваа воена приказна, се појави видео кое отсликува како екипата се забавува на сетот.

Овој кадар никогаш не бил прикажан, а во истиот се гледа ликот на неодамна починатиот Велимир Бата Живојиновиќ.

Во негова позадина се наоѓаат другите ликови, Никола Којо, Зоран Цвијановиќ, Драган Максимовиќ, Милорад Мандиќ Манда, Дубравко Јовановиќ и други.

За првпат видете како изгледаше снимањето:

Ова е најплатената актерка во Турција - 30.000 евра по епизода

Не постои партнер во сериите со кого глумела, а да не ја поврзувале дека  е партнер и во приватниот живот. Важи за најубава актерка во Турција, со хонорар од 30.000 евра по епизода.

Поранешната манекенка Чансу Дере е родена на 18-ти октомври 1980 година во Анкара, од татко трговец и мајка наставничка. Како тинејџерка сакала да се занимава со танц и балет, но била превисока за тоа, па се ориентирала на манекенство. Кога здодело манекенството, Чансу станала актерка.

Иако била дел од модниот свет, денеска воопшто не ја следи модата, а во плакарот има фармерки и едноставни фустани. Сака да готви, но готви главно зеленчук, па не морала никогаш да држи диети.

Била втора придружничка на Мис Турција во 2000 година, но самата нема превисоко мислење за својот изглед.

–Ја обожавам глумата, но не и славата, зашто на јавно место немам ниту пет минути мир. Секој мој збор, секоја моја постпка се анализираат, а тоа ми го први животот напорен. Кога ќе размислам подобро, тоа е мала цена што треба да се плати за сето добро што ми го носи глумата, вели таа.

(ВИДЕО) По улогата во „Вљубениот ерген“ Кориш има нова емисија – цела Турција го гледа без да трепне!

Актерската екипа од турската хит серија „Изнајмена љубов“ стекна огромна популарност во Европа што претходно ја немаше во својата кариера, а благодарение на одличните улоги.

Секој карактер во серијата е приказна за себе, а еден од омилените, покрај Дефне и Омер секако е духовитиот и размазен фотограф Корај Саргин чија улога ја игра турскиот актер Онур Бујуктопчу.

Впечатливиот Корај има 35 години и живее во Истанбул, а својата прва улога ја има во 2003 година. Оттогаш има снимено десетина серии, но „Изнајмена љубов“  му донесе популарност и надвор од Турција.

Сега, Кориш има нова улога, но не актерска туку водителка во кулинарското шоу со наслов „ Jemekteyiz“ каде гостуваат познати личности кои треба да купат производи и во одредено време да подготват јадење, а Корај е одговорен  да воспостави ред.

Еве дел од видеaта:

 

Haftanın son yemeği yarın saat 13:00’da @tv8’de ✌️ @yemekteyiztv @bloommedya

A post shared by ONUR BÜYÜKTOPÇU (@onurbyktpc) on

 

Yemekteyiz yeni yarışmacılarıyla pazartesi günü saat 13:00’da @tv8’de✌️ @yemekteyiztv @bloommedya

A post shared by ONUR BÜYÜKTOPÇU (@onurbyktpc) on

Популарно