ВИДЕО: Потресни лелеци на таткото на еден од убиените војници во БиХ

Енес Омерагиќ уби двајца припадници на Воените сили на Босна и Херцеговина- Недељко Радиќ и Армин Салкиќ и ранил еден од припадниците на војската.

tatko

Тој во близина на касарна почнал да пука на нив, а потоа пукал и на автобус кој се наоѓал во непосредна близина.

По убиствата, Омерагиќ, за кој очевидците кажале дека бил на лош глас, користел наркотици, бил припадник на вехабијското движење се затворил во куќа која полицијата ја опколила и по неколку часа извршил самоубиство- се разнел со бомба.

Според непотврдени информации неколку членови на неговото семејство се наоѓаат во Сирија.

На местото на убиствата, во обложувалницата на улица Сафет Зајко, пристигнале погребални возила за да ги однесат телата на убиените војници, пренесува Аваз.

Погледнете го потресното видео од местото на настанот на кој пристигнал таткото на едниот од убиените војници на воените сили во БиХ:

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно