(ВИДЕО) ПУБЛИКАТА ВО ДЕЛИРИУМ: Бремената Бијонсе се разголи на доделувањето на наградите „Греми“

На годинашната свеченост за доделување на музичките награди „Греми“ во центарот на вниманието беше Бијонсе.

Имено, ова беше нејзиниот прв јавен настап по објавата дека очекува близнаци, а во текот на нејзиниот настап во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, пејачката направи сè за јасно да покаже дека е бремена. Всушност, таа на сцената настапи во проѕирен златен фустан, а самата објави и фотографии на кои носи златни бикини.

Во текот на нејзиниот настап поддршка од публиката ѝ даваа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и ќеркичката Блу Ајви, додека пак нејзината мајка Тина Ноулс ја најави изведбата.

Иако настапот на Бијонсе предизвика најголемо внимание, сепак, пејачката дома си замина само со една статуетка „Греми“, а што се однесува до бројот на освоени награди, целосно доминираше нејзината колешка Адел. Сепак, британската пејачка освоената награда за албум на годината ѝ ја посвети на Бијонсе, а покрај тоа откри дека тајно стапила во брак со Симон Конецки, со кого има дете.

Во продолжение погледнете ја целосната листа на наградени.

Песна на годината

Адел, Хелоу

Спот на годината

Адел, Хелоу

Албум на годината

Адел, 25

Најдобар нов изведувач

Ченс д Рапер

Најдобра соло изведба

Адел, Хелоу

Најдобра изведба на поп-дуо/група

Твенти уан пајлотс, Стресд Аут

Најдобар поп-вокал на албум

Адел, 25

Најдобар денс-спот

Чејнсмоукерс, Донт лет ми даун

Најдобар денс/електронски албум

Флум, Скин

Најдобра рок изведба

Дејвид Боуви, Блекстар

Најдобра метал изведба

Мегадет, Дистопија

Најдобра рок-песна

Дејвид Боуви, Блекстар

Најдобар рок-албум

Кејџ д Елефант, Тел ми ај ем прити

Најдобар алтернативен музички албум

Дејвид Боуви, Блекстар

Најдобра аренби-изведба

Соланж, Крејнс ин д скај

Најдобра аренби-песна

Максвел, Лејк бај д Оушн

Најдобар албум на современа музика

Бијонсе, Лемонејд

Најдобрите аренби-албум

Лала Хатавеј, Лала Хатавеј лајв

Најдобра рап-изведба

Ченс д Рапер, Но проблем

Најдобра рап-песна

Дрејк, Хотлајн блинг

Најдобра рап-изведба

Дрејк, Хотлајн блинг

Најдобар рап-албум

Ченс д Рапер, Колоринг бук

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно