ВИДЕО: САД ја вооружа Албанија - ова е воениот потенцијал на соседите

На социјалните мрежи се појави видео во кое се покажува воениот потенцијал на Албанија. Нејзините вооружени сили пред и по влегувањето во НАТО добија значаен дел на оружје, најголем дел од САД.

Со тоа Албанија влезе во редот на солидно вооружени земји. Во моментов воениот состав брои 15.000 активни војници, 5.000 резервен состав. 250 тенкови и околу 1.000 оклопни возила, 32 авиони и 31 хеликоптер.

Поради фактот што Албанија излегува на море, земјата има и неколку бродови за одбрана, но и за набљудување. Властите во Албанија ветуваат дека во следните години ќе се набави ново, посовремено оружје во согласност со НАТО стандардите.

Погледнете ја силата на албанската армија.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно