ВИДЕО: СИЛЕН БЛЕСОК НА НЕБОТО: Објавен моментот на падот на рускиот авион во Црното море

На видеото се гледа силен блесок на небото пред падот на леталото.

Руските медиуми објавија снимки од падот на авионот Тупољев 154 кој денеска се урна во Црното море по посетувањето од Сочи.

На видеото се гледа силен блесок на небото пред падот на леталото.Погледнете како изгледаше падот.

Северно корејскиот водач нареди зголемено производство на боеви глави

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил да се зголеми производството на боеви глави за балистички ракети и ракетни мотори со тврдо гориво. Тензиите околу нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја се зголемуваат се повеќе во последните месеци. Минатиот месец Пјонгјанг под набљудување на Ким Џонг-ун изврши две ракетни тестирања на меѓуконтинентални балистички ракети со голем дострел.
Вашингтон и Пјонгјанг разменија закани, потоа тонот се намали, но оваа недела САД и Јужна Кореја започнаа воени вежби, кои Северна Кореја веднаш ги оцени како повторна провокација.
Експертите не се сигурни дали Северна Кореја веќе поседува технологија за враќање во атмосферата на истреланите боеви глави, без да се уништуваат. Пјонгјанг уверува дека разработил таква технологија. Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во близина на американскиот остров Гуам во Тихиот Океан, но подоцна соопшти дека ќе го одложи таквото дејствие.
 

СТРАШНО: Убиени деца и жени во бомбашки напад

Бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на полициска станица во Лашкар Гаху.
Авганистанските власти соопштија дека талибански бомбаш самоубиец извршил напад во јужниот дел на земјата, при што се убиени пет лица, а 25 се повредени.

- Бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на полициска станица во Лашкар Гаху, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Хелманд, Омар Звак.

Тој истакна дека меѓу жртвите во нападот, за кој одговорност презедоа талибанците, има жени и деца. 

Земјотресот во Италија донесе жртви, се трага и по исчезнати деца

Земјотересот која ја погоди Италија синиќа донесе жртви.
Две тела се пронајдени, по земјотресот кој го потресе јужниот италијански остров Исксија минатата ноќ, објави ДПА, цитирајќи ги локалните медиуми.

Спасувачите го откриле телото на една жена во остатоците од куќа во областа Касамикола, каде што беше пронајдена и првата жртва, која починала откако врз неа паднал малтер од црква.

Спасувачите, исто така, бараат три деца на возраст од 17 месеци, 4 и 6 години, кои веројатно се заглавени во распаднатиот дом. 
Земјотресот со 3.6 степени по Рихтер е во близина на Наполи и удрил некоја минута пред 21 часот. Евакуирана била и болницата која се наоѓа на островот.
 

Популарно