(ВИДЕО) Синот на Зидан си даде антологиски автогол и стана хит во Шпанија

luka-zidan-300x200-2x

Енцо Зидан очигледно одлично се справува со притисокот кој доаѓа автоматски со успесите кои ги оствари неговиот татко на фудбалската сцена, но ако тој е се подобар и се почесто знае да изненади со одлични потези на тренинзите на првиот тим, таков не е случајот со Лука кој вечерва направи уште една голема грешка за паметење.

Младиот Лука Зидан е голман на тимот на Реал кој се наптреварува во младинската Лига на шампиони, но вечерашната победа од 2:1 на гостувањето кај Легија остана во сенка на тоа што тој го направи во судиското надополнување.

Лука катастрофално лошо ја процени топката и успеа да ја избоксува на крајно тромав начин, а за негова несреќа, топката доби неприродно движење и заврши во неговата мрежа за режија на еден од најурнебесните автоголови на годината.

Червар со неблагодарна споредба: Ја видовте Македонија, на што личеше тоа…

Лино Червар не може да смета на Домагој Дувњак уште по првиот натпревар на Хрватска на Европското првенство, а обидувајќи се да опише колку другите играчи одлично го заменуваат неговиот придонес на теренот, искусниот хрватски стручњак направи една неблагодарна споредба со македонската ракометна репрезентација.

Поранешниот селектор на Македонија го зема за пример последниот натпревар на нашата репрезентација, односно укажа на тоа колку лоши биле „црвено-жолтите“ во ситуација кога го немаат на располагање најдобриот ракометар, Кире Лазаров.

Червар со ова се обиде направи една компарација за тоа колку всушност му недостига Дувњак, но исто така и да ја „крене до облаци“ работата на другите играчи кои истапија и со тимска работа направија да го намалат неговото отсуство.

– Горд сум на тоа како нашиот тим одигра против Норвешка. Видовте каква беше Македонија против Шпанија без Лазров. На што личеше тоа…, порача Червар на последната прес-конференција, алудирајќи на тоа дека Хрватска игра без најдобриот играч на ова Европско првенство.

– Како би изгледала Франција без Карабатиќ? Норвешка без Сагосен? Горд сум на моите момци, тие отвораат едно ново поглавје во нашиот ракомет. Убаво е да се биде репрезентативец на Хрватска во овој момент, но сега не треба да се се фрлат копјата. Тимот треба да даде се од себе против Франција. Сите би сакале да игра Дувњак, но ние играме со тоа што го имаме и се надевам дека момците ќе дадат се од себе, завршува тој.

Спонзорот на Лазаров откри дали капитенот ќе настапи против Чешка

Спонзорот на Кире Лазаров, кој е технички спонзор и на нашата репрезентација, „Хумел“ на својата официјална фејсбук страница посвети пост за нашиот капитен и откри дека тој вечерва нема да биде на располагање на селекторот Раул Гонзалез.

„За жал, капитенот на македонската ракометна репрезентација е повреден и нема да игра вечерва во мечот помеѓу Македонија и Чешка. Се надеваме дека во најбрзо време ќе го видиме назад на терените“, напишаа од „Хумел“.

Неиграњето на Кире Лазаров на вечерашниот натпревар дефинитивно ќе биде огромен хендикеп за нашата репрезентација, но момците ќе мораат да дадат се од себе да ја совладаат Чешка, па Кире, сакал нејќел, ќе мора да стисне заби и да даде се од себе за утрешниот меч против Данска.

Инаку, „Хумел“ направи акција со која сака да го доближи своето заштитно лице, Кире Лазаров до навивачите, па им даде можност преку опцијата „Прашања и одговори“ да дознаат повеќе за нашиот капитен.

„Со повеќе од 1.000 голови, Кире Лазаров важи за еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Но, кој е идолот на Лазаров и која е најдобрата работа околу големите натпреварувања?...“, пишува во остатокот од постот на „Хумел“.

Колкави се шансите Лазаров да игра вечерва?

Според последните информации капитенот на нашата ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе биде на клупата за вечерашниот меч со Чешка, кој стартува со почеток од 20:30 часот.

Победа во овој меч ќе значи полуфинале на дофат за нашите ракометари. Сеуште нема јасни информации за повредата на нашиот капитен.

Според неофицијални информации на “balkan-handball”, тешко може да се очекува дека Кире ќе заигра на теренот.

Чесите од друга страна се засилија на позицијата пивот. На Земан и Петровски, им се придружи Петр Шлахта.

Популарно