(ВИДЕО) Скопје преплавено со отров за кучиња, фатален и за луѓето

Метомиол или ланате овој отров се фрла по тревниците низ Скопје со цел да се отрујат кучињата.Овој начин е нечовечки, нехуман, но пред се опасен и за луѓето, објаснуваат токсиколозите.

Сптомите на труење се повраќање, главоболки, симптоми слични на вирус или труење од храна, но последиците овој опасен препарат против инсекти може да биде фатален, пренесува Канал 5.

„Кучето кога е затруено повраќа, секако луѓето ќе му помогнат на местото каде било кучето доаѓаат деца и така труењето преку течноста со отров исфрлена од кучето може да предизвика труење“ др. Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.

Фрлањето на отров во тревниците е кривично дело, надлежните со апел граѓаните да превземаат опасни мерки, бидејќи последиците можат да бидат и губење живот.

Граѓаните најмногу се револтирани од неправилната грижа на кучињата кои не се дресирани, не се шетаат на повој и немаат заштитна маска.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно