ВИДЕО: Слаткото и шармантно македонско девојче распали во „Ѕвездичките на Пинк“

Објавено на 12 декември 2016, 23:24

СПОДЕЛИ:

Десетгодишната Драгана Јовановска од Куманово, која повторно маестрално се покажа во „Ѕвездичките на Пинк“, откако на почетокот од сезоната го воодушеви жирито со својот талент. Овој пат со интересен и поразличен стајлинг, слатката Драгана се поајви на сцената и самоуверено ја отпеа „Ко се то мени заљубио“ од Фрајле, а жирито експресно ги претисна тастарите за глас, со што Драгана оди и во следниот круг.

– Навистина си мало ѓаволче. Си избрала многу убава песна, креативна си во одбирот на песна. Многу се гордеам со тебе, беше фантастична рече Гоца Тржан.

Јелена Томашевиќ истакна дека феноменалниот стајлинг на Драгана ја потсетува на девојче од Русија.

– Беше толку добра, што би сакал сите твои другари да насапуваат како тебе. Тоа е комплетно за една Ѕвездичка на Пинк. Ти си пример за една ѕвездичка на Пинк, рече Милан Станковиќ.

Сергеј Четковиќ прокоментира дека се тоа е добро спакувано и дека не треба ништо да се менува.

– Јас од тебе очекувам многу во следните кругови, бидејќи си озбилен кандидат за финале. Секоја чест“, рече Леонтина Вукомановиќ.

Погледнете го настапот на Драгана.

СПОДЕЛИ: