ВИДЕО: Србија под вода! Поплава и во Белград! ShareБалкан на 5.2014По непрекинатиот дожд во последниве 12 часа, поплавите во Србија не го одминаа и главниот град. Сообраќајот е во прекин во ссрпската метропола, а вонредната состојба од другите градови е можно да се прогласи и во Белград.ShareTwitter Коментирај
Меѓународна полициска акција во БиХБалкан пред 19 часаВо Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“. Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица. Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол. Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.ShareTwitter Коментирај
Мало девојче, жртва на меѓународна трговија со луѓе пронајдено во автобус на границата меѓу Хрватска и БиХБалкан пред еден денПри контрола на стока и патници на редовна автобуска линија на граничниот премин Славонски – Босански Брод, преку детална анализа е идентификувана жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ. Станува збор за петгодишно девојче од Германија кое било придружувано од странски државјанин. По наредба на обвинител во Службата за работи со странци, странскиот државјанин е приведен. Детето било на листа на барани Според обвинителството, девојчето било соодветно згрижено и сместено во безбедна куќа. Таа доби специјален старател за странски деца без придружба и жртви на трговија со деца. Петгодишното девојче е на списокот на лица барани од меѓународните институции, па обвинителот кој работи на случајот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија, со цел малото девојче да се врати кај нејзината мајка.ShareTwitter Коментирај
Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во врска со неговото апсење поради поседување дрогаБалкан пред 3 денаСрпскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа беше приведен откако кај него била пронајдена дрога, а како што дознава српскиот медиум „Нова.рс“ утре ќе биде сослушан во обвинителството. Трифуновиќ беше приведен околу 20.00 часот во Вождовац откако, како што се сомнева, купувал марихуана од познаник. Со него е приведен и С.М.(31) од кого актерот наводно ја купил марихуаната. Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде спроведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен.ShareTwitter Коментирај
Балкан Мало девојче, жртва на меѓународна трговија со луѓе пронајдено во автобус на границата меѓу Хрватска и БиХ
Естрада Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“
Се и сешто Полицијата го уапси откако го фатиле на лице место како купува дрога, од деталите во шок и најблиските пријатели