ВИДЕО: Србинката која ја силувал братот се појави во утринска - раните не исчезнуваат

Исповед на жената која пред неколку дена предизвика лавина од емоции и коментари кога се јави во утринска и призна дека била силувана од сопствениот брат на шест години.

39-годишната жена која ќе остане анонимна се појави во утринската емисија, лицето и беше замаглено, а таа зборуваше за хоророт.

– Се јавив да го извадам тоа од себе, инаку 33 години го чувам, кој ќе ми помогне, рече таа. Мајката го затекна брат ми како ме силува, тоа се случуваше постојано. Замоли да остане меѓу нас, татко ми беше многу строг, вели жената.

Таа од дома си отишла на 15 години, нема работа, а завршила само петто одделение.

– Имав една цел во животот, да соберам пари и да си одам од таму, да не го доживувам тоа, вели таа.

Денес нејзиниот брат имал 4 деца, а претходно се развел.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно