ВИДЕО: Ураганот Ирма не го поштеди ни Доналд Трамп

Ниту претседателот на САД не беше поштеден од ураганот Ирма кој што ги опустоши Карибите, но и американската сојузна држава Флорида.

Комплексот на Доналд Трамп на островот Свети Мартин чија што вредност се проценува на 17 милиони долари, оштетен е после ураганот Ирма кој што го погоди островот со силни дождови и ветар со брзина до 362 километри на час.

(ВИДЕО) „Лицемерко, за сè е виновен Трамп!“ – Меланија нападната за време на говорот

Во говорот што го одржа на Генералното собирание на ОН Меланија Трамп го осуди насилието на социјалните мрежи, но луѓето брзо ја забележаа иронијата и  ѝ  замерија за нејзиното обраќање.Првата дама на САД во текот на обраќањето ги повика светските лидери да се здружат за благосостојба на децата. Предупредувајќи дека децата се тие кои го следат примерот на возрасните, таа им порача на сопругите на светските лидери да учат една од друга за вредностите на емпатија и комуникација, кои се сржта на љубезноста, интегритетот, лидерството.

„Мораме да се здружиме за благосостојба на нашите деца. Мораме да имаме на ум дека децата слушаат, така што никогаш не смееме да ја пропуштиме можноста да ги подучаваме на многу етички лекции“, изјави Меланија Трам во средата во мисијата на САД во ОН.

Најмногу ѝ замерија што нејзиниот сопруг и американски претседател Доналд Трамп не се симнува од Твитер каде често неистомислениците ги почестува со најлоши можни навреди. Поради тоа, некои се уверени дека Меланија говорот го посветила на својот сопруг.

„Се надевам дека заедно со мене ќе се посветите на учење на следната генерација да го почитува златното правило: прави им го на другите само тоа што би сакал тие да ти го прават тебе. Тоа е моето мерило на денешното општество и мојот фокус како прва дама. Императивот на нашата генерација е да преземеме одговорност за она што нашите деца го учат. Мораме да се фокусираме на пораките и содржината кои се изложени на социјалните мрежи на секојдневна база – злоупотреба он-лајн и во живо, на употреба на дрога и предозирање“, вели Меланија.

Од друга страна, нејзиниот сопруг продолжува на Твитер да „удира“ по противкандидатката Хилари Клинтон, иако изборите одамна минаа, а политичката новинарка и водителка Меган Кели изјави дека навредите на Трамп биле без причина, поради кои и го напуштила работното место по 12 години.

На говорот на првата дама се осврна и самата Клинтон, која истакна дека Меланија не направила ништо по повод спречување насилство на интернет. Поранешната прва дама постави и прашање дали Меланија навистина е „сериозна“ и посветена на оваа цел, поради тоа што сè уште не го објавила формалниот план за анти-насилие на интернет откако во ноември минатата година вети дека ќе се залага за жените и децата.

Видете го нејзиниот говор:



 

По 3.600 евра казна за тројца луѓе кои не помогнале на онесвестен пензионер

Бидејќи не сакале да му помогнат на еден пензионер кој се онесвестил во банка и лежел на подот, три лица ќе платат казна, пресуди судот во Германија. 

Казна од 3.600 евра е изречена на 39-годишна жена и на двајца мажи на возраст од 55 и 61 година.

83-годишниот пензионер се онесвестил и удрил со главата во подот, и така онесвестен лежел пред банкомат во една банка во Есен, во западна Германија.

Луѓето што се нашле во банката го заобиколувале човекот, а некои дури и го прескокнувале.

Двајцата обвинети изјавиле на судењето дека мислеле дека старецот е бездомник и дека заспал.

Пензионерот лежел на подот во банката 7 минути, односно сè додека еден од клиентите не повикал брза помош, која пристигнала после 20 минути и го однела  во болница, каде починал.

Лекарите тврделе дека тој би починал и доколку веднаш добиел прва помош.

Популарно