Гринберг е навистина талентирана и создава свои аранжмани на најпознатите рок хитови, но многу од коментарите под видеата кои ги споделува се однесуваат и на нејзиниот атрактивен изглед
Џес Гринберг има 21 година и повеќе од еден милион следбеници на видео-каналот Јутјуб.
Гринберг е навистина талентирана и создава свои аранжмани на најпознатите рок хитови, но многу од коментарите под видеата кои ги споделува се однесуваат и на нејзиниот атрактивен изглед.
Вели дека филмот „Рок училиште“ со актерот Џек Блек и го променил ставот за музиката и од тогаш почнала да слуша бендови како „Ред хот чили пеперс“, „Еј-си-ди-си“, „Ганс енд роузис“.
Сега, за неа најголема музичка инспирација е Џими Хендрикс.