ВИДЕО: Тинејџери пукаа на полиција па се самоубија - снимка која го потресе светот

Двајца тинејџери, момче и девојче на возраст од 15 години, од северозападната руска област Псков, се пронајдени мртви, откако прво пукале во полицијата и ја убиле мајката на девојчето.

rusija-88113

Најзапрепастувачки е фактот што сево ова одело во живо на социјалните мрежи.

Последното нешто што 15 годишниот Денис Маравјов го поставил на руската социјална мрежа било: Те сакав, но ти не забележа како го уништи мојот ум и живот. Довидување семејство, пријатели и познаници. Не грижете се, заминувам во стил.

Истрагата се обидува да ги најде причините за ваквиот чекор на двајцата млади.

Полицијата била повикана пред куќата како дел од потрага по исчезнат тинејџер.

На видеото кое било емитувано на социјалните мрежи се гледа како девојката Катја му вели на Денис : Немаме повеќе опции. Денис и одговара: Ако не се предадеме ќе умреме, ако се предадеме нема веќе никогаш да се видиме! Се слуша како се шегуваат и се смеат, а потоа кога Денис ќе почне да пука Катја вриснува. Кога тој пука на полицијата таа се смее...

На снимката од настаните кои се случиле пред самоубиствата, тинејџерите зборувале за своите несогласувања со родителите. Мајката на Катја која била погодена од куршум во ногата, била бесна поради тоа што Денис отишол кај нејзината ќерка. Двајцата тинејџери, според нивниот разговор, биле затворени во куќата полна со оружје, три дена.

Во куќата на Катја имало оружје бидејќи нејзиниот очув бил припадник на специјалните сили.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Популарно