Дваесет и пет годишниот Леоне Павлашијан од Загреб настапи со блок евровизиски песни на големата аудиција во Белград, но иако со својот настап и необичен изглед ја крена на нозе публиката во „Икс-фактор“, жирито не беше доволно воодушевено за да го пушти понатаму во натпреварувањето.
Како што кажа, Леоне е неговото уметничко име за да може да го користи и како маж и како жена. Тој покрај енергичното играње, почна и да се расоблекува на сцената, па иако машкиот дел од жирито беше воздржан, Александра Ковач цело време го бодреше од нога и на крај дури и ја запеа заедно со него.