ВИДЕО: ЦИА откри кој бил Тито – ова е доказот!

Објавено на 26 декември 2016, 06:24

СПОДЕЛИ:

Претседателот на поранешна Југославија Јосип Броз Тито не бил со југословенско потекло, наведено е во документите за фонетската анализа на јазикот со кој зборувал, а кој неодамна беше објавен на сајтот на американската Централна информативна агенција.

Во документот, од кој неодамна беше симната ознаката за тајност, се констатира дека Тито зборувал српско хрватски јазик, кој „наводно“ му е мајчин но со „странски акцент“. Во опсежната анализа на евентуалните јазици, кои навистина би можеле да му бидат мајчин јазик на Тито се наведени рускиот и полскиот јазик.

Самогласката „и“ исто се изговара по меките и тврдите согласки во српскохрватскито јазик. Од друга страна оние чиј мајчин јазик е рускиот или полскиот веројатно двата збора би ги изговориле со меко „н“.

Токму таков е изговорот на Тито на српскохрватскиот јазик и тој најдобро се опишува како странски акцент, се наведува во анализата.

Авторите на документот велат дека би било логично да се претпостави дека контроверзниот Тито бил Русин или Полјак, но нагласуваат дека неговиот идентитет може само да се претпостави, како и дека сосема сигурно може да се констатира дека тој нема „југословенско потекло“.

Тие констатираат дека токму нејугословенското потекло на Тито можеби може да ја објасни неговата непристрасност и следствено тоа „успехот“ во разрешувањето на разните проблеми и судири н а етничките групи во Југославија.

Авторите на анализата, која е правен а врз основа на еден говор на Тито од 1977 година, заклучуваат дека било какво понатамошно истражување на стварниот и вистинскиот идентитет на Тито би служело само во академски цели.

СПОДЕЛИ: