(ВИДЕО) УБАВИ И СМРТОНОСНИ: Кинеските медиуми објавија снимка од жените кои го убија братот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун

Кинеската телевизија CCTV објави фотографија од една од двете жени кои на аеродромот во Малезија, користејќи отровни игли, го убиле Ким Џонг нем-45 годишниот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Жените од аеродромот по извршувањето на атентатот побегнале со такси.

Малезиската полиција објави дека уапсила женска личност која е осомничена дека го убила Ким Џонг Нем.

Личноста е уапсена на аеродромот во Куала Лампур, и во моментот на апсењето била сама.

ХАГ пресуди: Ратко Младиќ нема да излезе од затвор!

Судот одлучил дека Ратко Младиќ не е виновен за геноцид во шест општини во источна Босна, кој не бил утврден по првата точка. Но, виновен е за геноцидот во Сребреница и за ред други злосторства: прогонство како злосторство против човештвото, истребување како злосторство против човештвото, убиство, убиство како кршење на законите и обичаите при војување, принудна депортација, нехумани дела при принудно преместување, тероризирање, противправни напади на цивили и земање на заложници. 

Претседателот на расправното собрание на судењето на Младиќ, Алфонс Орие, во еден момент при читањето на образложението наредил поранешниот командант на Војската на РС да се отстрани од судницата бидејќи ја попречувал постапката.

Расправното собрание потврдило дека во јули 1995-тата година, бил извршен геноцид во Сребреница, но не и во шест други општини во источна Босна, како што се тврдело во обвинението.

Судот на изрекувањето на пресудата на Младиќ заклучил дека во општините Гочи, Кључ, Котор Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница се случиле злосторства над не-српското население, но дека нивната намера не била истребување на народот. Утврдиле и дека во БиХ имало вооружен судир и дека злосторствата извршени во таа држава имале обележја на составни, масовни и раширени дела.

Обвинителството барало доживотен затвор

На пресудата за Младиќ се чекало повеќе од две децении, откако бил обвинет за воени злосторства извршени во време кога ја вршел должноста командант на Војската на Република Српска. Младиќ во Хаг бил обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите за војување во Босна и Херцеговина од мај 1992-та година до пред крајот на 1995-тата година. 

Во завршното обраќање обвинителството за Младиќ барало доживотна казна затвор, додека одбраната предложила да се ослободи од сите обвиненија.

Не ви треба меѓународна: Македонските возачки дозволи признати во Германија?

Во иднина македонските возачки ќе бидат признаени од страна на германските власти, пишува порталот www.mk-in.de.На тој начин сите македонски граѓани кои патуваат или се на привремен престој во Германија нема да имаат непријатности и казни. Истовремено многумина што имаат работна дозвола нема да мора повторно да полагаат за да можат да управуваат возилот во Германија.

Во редакцијата на www.mk-in.de штотуку неофицијално од сигурни извори во германскиот Бундестаг пристигна веста дека законот за реципрочно признавање на македонските возачки во Германија е донесен и изгласан. Се чека уште македонската страна да го донесе закoнот за признавање на германските возачки дозволи во Македонија и веднаш да стапат двата на сила. Се надеваме дека тоа ќе биде до крајот на месецов, пишува порталот.

(ВИДЕО) Си-Ен-Ен објави снимка од продажба на луѓе во Либија

Си-Ен-Ен објави шокантно видео снимено на непозната локација во Либија на која што се гледа продажба на двајца мажи.

На видеото може да се слушне аукцијата на која што се нуди цена за купување на робовите, а постигнатата цена е 1.200 либиски динари, што е околу 800 долари.

Едниот од продадените мажи е од Нигерија, а бил понуден во групата „големи и силни момци за работа на фарма“, како што го опишува аукционерот.

По објавувањето на видеото, новинари на Си-Ен-Ен отпатувале за Либија за да се уверат во нејзината веродостојност и како што наведуваат новинарите сведочеле на бројни аукции.

По аукцијата екипата на телевизијата се сретнала со двајцата мажи кои што биле продадени, но биле исплашени и не можеле да зборуваат.

Според Си-Ен-Ен секоја година десетици илјади луѓе стигнуваат до либиската граница обидувајќи се да добијат подобра шанса во Европа.

Многу од нив продале се што имале за финансиски да го обезбедат патот преку Либија. Меѓутоа се помалку бродови тргнуваат накај европа, оставајќи ги очајните луѓе во рацете на криумчарите со што тие стануваат робови.

Видеото на Си-Ен-Ен е предадено на либиските власти кои ветиле дека ќе спроведат истрага.

Популарно