(ВИДЕО) Убавина и талент на тато и мама, а гордост на баба: Внуките на Блага Петреска запеаја во „Кастинг талент шоу“!

Меѓу кандидатите кои се пријавија во телевизискиот музичкиот натпревар „Кастинг талент шоу“, се најдоа и ќерките на музичката брачна двојка- виолинистите Ана и Олег Кондратенко, а наедно и внуките на пејачката Блага Петреска од синот Олег.

Жирито лесно дојде до заклучок дека музиката им е во гените на талентираните Летиција и Леона, кои ги разнежнија Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски.

Леона продолжи и во вториот круг меѓу најдобрите, а со изведбата на „Есен во мене“ од Елена Ристеска, повторно ги доби сите пофалби.

Инаку, менторка на слатката и музикална Леона е Наде Талевска која и помага во усовршувањето на изведбите пред жирито, но како што вели и помага и баба Блага со вежбите на пијано.

Како ќе се покаже Леона во следните изданија и дали ќе стигне до мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, останува да видиме…

Како пеат наследничките на Кондратенко и Блага Петреска гледате во продолжение:

(ВИДЕО) Момче, секоја чест: Ова момче го пее Шабан на улица - пее подобро од половина естрада

Талентот не можете да го сокриете, кога тогаш ќе се покаже. Понекогаш во најнеобичните ситуации, потполно неочекувано. 

За тоа сведочи и ова видео кое е снимено некаде во Србија, но не е важно каде е, туку кој е снимен. Поточно, овде најважно  е што прави ова момче. 

Тој ја пее песната „Жал“ од Шабан Шаулиќ, неговата изведба ќе ве воодушеви, но погледнете сами и уверете се. 

Инаку според некои информации ова момче веќе со години пее на улиците низ Крагуевац.

Други наведуваат дека момчето е од Краљево и дека долги години „работи“ како  уличен пејач. 

(ВИДЕО) Незгода среде концертот на Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ  вчера приреди вечер за паметење, но за време на спектакуларниот концерт се случи мала незгода на сцената.  Додека се свиреле најголемите хитови на  пејачот,  во еден момент на еден од неговите музичари од тимот, веројатно му се слошило.  Жељко  Јоксимовиќ како  вистински професионалец направил, ваквиот момент да остане незабележан од публиката.

Организаторите на концертот, велат дека музичарот од бендот го отсвирел професионално докрај концертот, и дека се поминало во најдобар ред, и покрај малата незгода на сцената. Веројатно  премор и исцрпеност биле причините за незгодата, но сепак тој до крај го отсвирел концертот.

Погледнете мал дел од атмосферата во Борис Трајковски:

(ВИДЕО) Го отпеа првиот стих и жирито беше маѓепсано: Скопјанката Миа доминираше во „Пинкови Ѕвездички“

Во најновата епизода на музичкото талент шоу „Пинкови Ѕвездички“ блесна уште една Македонка.

Станува збор за 14 годишната Миа Мустафа која со сиот свој талент ги одушеви сите присутни и го имаше првиот настап за паметење.

Жирито уште при првиот отпеан стих не успеа да се воздржи, а да не го даде својот глас за скопјанката Миа.

Погледнете го настапот во видеото во продолжение на 1:38:21, со кој Миа директно се пласираше во вториот круг од четвртата сезона на ова музичко шоу.

Популарно