Се сеќавате на старите фото апарати кои веднаш ја вадеа сликата? Дали би сакале вашиот паметен телефон да може да го направи истото? Верувале или не и тоа се случи.
Една мала франуска компанија разви апликација и кутија-додаток која функционира како принтер. Во моментов во принтерот може да се стави само еден лист и да се испринта фотографија за 50 секунди. Додатокот ќе биде пуштен на пазарот следната година, а од компанијата најавуваат дека дотогаш кутијата ќе може да сорджи 30 листови и да принта за 30 секунди. Додатокот ќе чини 99 долари, а еден лист ќе чини 30 центи. Зависниците од фотографирањето ќе го обожаават ова.