ВИДЕО: Вежби за поголем и поцврст пенис!

„Дали мојот пенис е доволно голем, односно каков е во споредба со просекот“ – е прашање кое повеќето мажи барем еднаш си го имаат поставено. Иако официјално, просечната должина на машкиот полов орган според анализата на 17 различни студии, на преку повеќе од 15 илјади мажи во ерекција е 13.2 сантиметри, постојат многу припадници на посилниот пол кои би сакале да имаат некој сантиметар повеќе.

Притоа, тие се одлучуваат на продолжување со силиконски инјекции или разни чудотворни помагала како пумпа, но експертите предупредуваат дека таквите работи носат разни ризици како инфекции, намалување на чувството и функцијата на самиот пенис. Поради тоа, се препорачуваат овие природни методи со кои наводно пенисот може делумно да се продолжи, а не ве чинат ништо.

1. Метод на истегнување

Цврсто фатете ја главата на пенисот. Обрнете внимание да не ја прекинете циркулацијата (не треба да чувствувате непријатност). Повлечете и растегнете на надвор, но само до граница на болка. Оставете го во таа положба од 10 до 30 секунди, а потоа малку оморете се и пак повторете. Ова треба да се прави секој ден од 5 до 10 минути. Пенисот можете да го повлекувате и на страна – кон стомакот, бедрата, лево и десно на истиот начин.

2. Растегнување со палецот

Ова е слична вежба на истегнувањето, но на малку поразличен начин. Фатете го врвот на својот пенис со една рака и држете цврсто, но природно. Потоа палецот од другата рака поставете го на основата на пенисот. Повлечете ја главата и држете така 10 до 15 секунди, а палецот уште да биде на коренот на пенисот и така вежбајте 5 минути.

3. Кегелови вежби за мажи

Познато е дека Кегеловите вежби им помагаат на жените во зајакнување на мускулите на карлицата подобра контрола на мочниот меур и полесно постигнување на оргазам, но често се занемаруваат нивните добри ефекти за мажите. Освен за подобрување на еректилната дисфункција тие можат да влијаат и на продолжување на самиот пенис. Прво што треба е да се пронајде мускулот, така што за време на мокрењето свесно прекинете го текот, а мускулот кој е задолжен за тоа е токму тој кој треба да го вежбате. Неколку пати на ден притискајте го тој мускул и држете го стегнат по 5 секунди, но треба да внимавате притоа да не ги напнувате мускулите на стомакот. Вежбите повторувајте ги секој ден, седејќи, лежејќи, одејќи...

4. Повлекување во двете насоки

Со едната рака треба да ја опфатите главата, а со другата да го фатите коренот на пенисот и да повлекувате во двете насоки околу 10 секунди и да правите пауза.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно