(ВИДЕО) ВИСТИНСКА ДРАМА ВО „Јас имам талент“ – Беше сигурен дека испаднал, а 3 секунди подоцна беше НАЈСРЕЌЕН НА СВЕТОТ!

Вистинска драма настана во емисијата „Јас имам талент“, кога Нуредин Сајех, натпреварувач од Тунис, почна да плаче затоа што беше убеден дека испаднал и дека Ана Николиќ со притискањето на златниот тастер ќе го елиминира….

Нуредин, кој сите ги воодушеви со својата танчерска точка, очигледно не беше најдобро запознат со правилата и кога Ана ја стави раката на златниот тастер го прашала: „Дали знаеш што ќе се случи ако го притиснам ова копче?“, Сајех заплака и праша: „Дали е тоа затоа што дојдов сам?“…

Неколку секунди подоцна, се се промени, кога свати дека иде директно во полуфиналето…

Погледнете како тоа изгледаше:

(ВИДЕО) И се смееа кога кажа дека е чуварка во затвор и што ќе пее: Потоа сите занемеа!

Приказната за Сем Бејли е доказ дека понекогаш навистина може да ги оствари своите соништа, а се започнало кога кон крајот на летото во 2013, мајката на две деца од Лестер и чуварка во затвор по занимање, се појави во „Х - фактор“ и сите ги остави без зборови со својот глас.

На првата аудиција, членовите на жирито скоро со потсмев ја гледале срамежливата Сем која најави дека ќе ја пее песната „Listen“ од Бијонси.

Дваесет секунди подоцна, истите судиите со неверување гледале во Сем која се претворила во „музичка ѕверка“ и покажа дека има глас кој ретко се среќава.

Погледнете како Сем ја пее „Listen“:

Но, тука не се завршува приказната за скромната Сем и таа продолжила со фантастичните настапи и на крајот победи на „Х - фактор“.

Стинг во Македонија

15 октомври Скопје ќе гори. Познатиот пејач Стинг ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, информира „Авалон продукција“.

Со големо задоволство ве информираме дека на Македонија ќе и` се случи најголемиот концерт во нејзината досегашна историја! Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум,на 15 октомври, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња, Стинг – се вели во соопштението на „Авалон“.

На оваа турнеја Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група Полис: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Стинг заедно со Ролинг стонс, Брус Спрингстин, Ју ту, Депеш мод, Колдплеј…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.

Инаку, Авалон продукција го потврди концертот на Стинг во Скопје на 5 мај, а според инструкциите на менаџментот на Стинг, како ден за објава на ова шоу е одбран токму денешниот ден.

(ВИДЕО) Поради секси водителката од „Гранд“ спотот ќе го гледате пак и пак и пак

Даниел Џуриќ ја екранизираше својата новата песна „Ko je sada svemu kriv”.

Пејачот Даниел Џуриќ го сними спотот за новата песна „Ko je sada svemu kriv”. Во прашаање е емотивна балада која ја посвети на поранешната вереница.

Главната актерка во овој спот е водителката на „Grand“ Бојана Лазиќ.

Спотот би требало наскоро да се појави, а до тогаш погледнете го трејлерот:

Додека не се појави спотот, погледнете ги фотките од снимањето:

Популарно