ВИДЕО: Вистински камиказа – возел во спротивен правец па се забил во полициска блокада

Објавено на 11 јануари 2017, 12:59

СПОДЕЛИ:

Сенегалец со француски пасош во саботата наутро околу 9 часот приредил вистински хаос на шпанскиот автопат А-92.

Возачот прво 40 километри возел во спротивен правец, па на крај се забил во блокадата која му ја поставила полицијата откако неколку пати одбивал да застане.

Со оглед на тоа со која брзина се забил во едно од поставените возила, полицајците помислиле дека загинал на лице место, меѓутоа тој се извлекол со полесни повреди.

Што го навело на така луд чин не е познато, но локалните медиуми наведуваат дека станува збор за лице со психичко пореметување.

СПОДЕЛИ: